April 26, 2024, 11:58 am

Каква е состојбата со коронавирусот во Македонија?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дури 69 отсто од заразените во период од 6 август до завчера, не биле вакцинирани и 81 отсто од хоспитализираните. Во тој период, биле регистрирани 58.276 случаи на Ковид-19, од кои 17.896 или 31 отсто биле целосно вакцинирани, а 40.380, односно 69 отсто не биле вакцинирани. Од починатите, 1.571 пациент, односно 79 отсто не биле вакцинирани, а 21 отсто, односно 415 примиле вакцина, информира вчера Министерството за здравство, напоменувајќи дека починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања

Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани е голем. Од 468 моментно хоспитализирани пациенти, 91 се целосно вакцинирани.

Од Министерството информираат дека секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна  и апелираат граѓаните да се вакцинираат, бидејќи само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКоВ2.

Во претходното деноноќие, регистрирани се 434 нови случаи на Ковид-19 од направени 3.026 тестирања или 14,3 отсто. Вкупно се евидентирани 19 починати, 12 во претходните 24 часа и седум преку системот „Мој термин“, како и 421 оздравен пациент, информира Министерството за здравство, повикувајќи се на податоци на Институтот за јавно здравје.Досега во земјава се направени вкупно 1.461.757 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 214.213, бројот на оздравени пациенти е 198.419, на починати е 7.511, а бројот на активни случаи изнесува 8.283.Според епидемиолошки анализи во моментов, најмногу активни случаи има во Скопје – 3833, Битола – 681, Прилеп – 434, Велес – 348, Кавадарци – 301, Охрид – 271, Куманово – 268.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This