КАКВА МРЕЖА СЕ ПЛЕТЕ ОКОЛУ „ФЕНИ“: Сопственичката на бугарски „Енекод“ открива дека пет лица играат со судбинната на 4.000 семејства од Фени!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Отпочната е стечајната постапка за металуршкиот комбинат „Фени Индустри“.  „Фени“ дефинитивно оди во стечај. Имено судот го прифатил барањето на Стопанска банка АД Скопје,  Комерцијална и Силк роуд банка, да се отвори стечајна постапка, бидејќи фабриката подолг период имала финансиски проблеми. Инаку, бугарската фирма „ Енекод“ која е потенцијален инвеститор  доставила понуда од 65 милиони евра од кои 29 милиони евра за банките која на рочиштето била прочитана но банките ја одбиле ваквата понуда и ја класифицирале како несериозна и без никакви гаранции, пренесува Економски.мк.

Од  „Енекод“ изјавуваат дека воопшто не ги чуди ваквата одлука бидејќи како што велат тие банките константно ги одбивале нивние понуди.

Сопственчката на  бугарскиот „Енекод“ во интервју за 24 вести изјави дека од кога почнале да се договараат со банките ниту еден предлог не бил прифатен од нивна страна. Таа изјави дека кога побарале да имаат разговор со банките тие им одговориле дека веќе имаат нов инвеститор. Сопственичката на „Енекод “ во интрвјуто вели  дека неможе да разбере како може во правна држава каде две правни лица се договориле да склучат договор  каква потреба би имале  банките  да бараат трет инвеститор.

Сопственичката на „Енекод “ вели дека Стопанска банка која има грчки капитал е посебно заинтересирана за „Фени Индустри“. Исто така изјави во своето интервју дека банките се обезбедени со активата на „Фени Индустри“ за наплата на нивните побарувања и дека нема никаква реална логика банките да бараат стечај.  Како што изјавувааат од „Енекод“ тие единствено како инвеститор сакале да го рестартираат претпријатието и да го вратат на здрави нозе но изјавуваат дека банките имаат сосема други планови за „Фени Индустри“.

Експертите сметаат дека во целата позадина на оваа ситуација се Даскалакис, Михајло Ватростална и Бени Штајмиц  во соработка со Кочо Анѓушев актуелниот вице премиер на Република Македонија кои сакаат непријателски да го превземат комбинатот „Фени Индустри“ преку  грчка компанија поврзана со швајцарски фондови. Експертите велат дека оваа екипа била присутна и во случајот со „Југохром“. Тие велат дека не случајно е донесен истиот стечаен управител Мирослав Анастасиев кој беше актуелен и во случајот со „Југохром“ да биде стечаен управник  и на „Фени Индустри“. Мирослав Анастасиев е исто така познат во  јавноста како близок партиски соработник и финансиер на кампањата на СДСМ за време на минатите  предвремени парламентарни избори.

Но апсурднста во овој случај станува уште поголема поради фактот дека Даскалакис и Михајло Ватростална кои сега се јавуваат како потенцијални купувачи кои сакаат да ја превземат фабриката, претходно ја продадоа фабриката на сегашниот сопственик „Кунико Рисорсес“ со скриен долг од над 60 милиони евра при што им направи големи проблеми на „Кунико Рисорсес“. Во јавноста е познато дека за  овој долг се водеше истрага од страна на финансова полиција за која дополнително треба да се произнесат надлежните институции.

Сопственичката на бугарскиот „Енекод“ изјави дека против нејзнината компанија се водела црна кампања уште пред компанијата да влезе како инвеститор.

„Јас прв пат гледам држава во која одиш да инвестираш да ги дадеш своите пари за да го оздравиш едно претријатије да работи и уште пред да влезеш тие веќе те исплукале. Како ќе дојдат други инвеститори? Тоа се пет луѓе кои си играат со судбината на четири илјади семејства. Петмина“- изјави сопственичката на „Енекод“.

 

Владата на Република Македонија ветуваше решение за „Фени Индустри“ но тоа не се случи. Претставниците од „Енекод “ изјавуваат дека не се чувствуваат сигурни да вложуваат во Македонија  кога се случуваат ваков вид на скандали и не функционира правната држава. Во овој случај најмногу губат работниците на кои не им е исплатена ниту октомвриската плата и се оставени на улица додека се случува типично непријателско превземање на комбинатот „Фени Индустри“ од страна на бизнисмени  и врхушката во СДСМ. Експертите сметаат дека ваквиот однос кон инвеститорите значително  ја влошува сликата за Македонија и ја руши нејзината репутација која беше градена во минтите години како одлична бизнис дестинација.

Извор: Економски.мк

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This