April 26, 2024, 11:53 pm

Какви сѐ проблeми им прeдизвика онлајн наставата на родителите?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Меѓу една од првите мерки по почетокот на пандемијата и воведувањето на вонредната состојба на Владата на Република Македонија беше и воведувањето наонлајн настава за учениците од четврто до деветто одделение, како и за учениците од средните училишта во земјата. Оваа мерка, иако беше крајно неопходна, со цел да се заштитат најмладите од смртоносниот вирус, но и за да се спречи негово ширење, не ги даде саканите резултат. Напротив создаде бројни проблеми, како за учениците и наставниците, така и за родителите.

Главоболките за родителите започнаа со потребната опрема за следење на наставата, која не секој можеше да си ја дозволи. Во ситуација кога над половина милион жители во земјата живеат на работ на сиромаштијата, лаптопот е голем луксус, посебно за родителите со две или повеќе дечиња кои мораат во исто време да бидат вклучени на интернет.

Интернетот, секако е дополнителен трошок. Проблем е и ограничената можност за приклучок, посебно во руралните средини.

Родители пак, кои се во работен однос се потпираа на целодневната настава како опција за згрижување на децата додека се на работа. Голем број од нив, по оваа одлука на Владата мораа да останат дома, посебно со помалите деца, на кои покрај надзор, неретко им е потребна и помош. Илјадници родители добија отказ, а уште толку самите ги напуштија работните места немајќи друг избор.

На кратко, онлајн наставата на родителите и зададе огромни главоболки. Удри по џебот, го зголеми јазот помеѓу богатите и сиромашните, ги стави родителите да бираат во ситуација кога секој избор е со тешки последици.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This