Какво време не очекува во февруари?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно, попладне со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со снег. Во ноќните часови врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а кон крајот на денот од северозападен правец.

Во недела се очекуваат повеќе врнежи попладне, особено во западните делови. Поради нагло заладување проследено со засилен северен ветер, кон крајот на денот во недела врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките места, а во текот на ноќта провејување на снег е можно понекаде и во пониските делови на крајниот север и на крајниот исток од земјава.

Во понеделник наутро се уште ќе има провејување на слаб снег во северните и источните делови, а преку денот ќе биде суво, студено и ветровито со засилен северен ветер.

Наредниот месец од време на време ќе се создадат услови за снег но со оглед на дневните температури кои кон средината на месецот ќе доаѓаат и до 10 степени, не би требало да се очекува снежна покривка.

Крајот на февруари се очекува да донесе повисоки температури кои во последната недела би можело да достигнат и 15 степени.

Долгорочните прогнози велат дека март ќе биде во рамките на просекот, па дури и потопло.

Во овој месец мраз нема да има а дневните температури ќе достигнуваат и над 20 степени. Се разбира, долгорочните прогнози даваат само ориентација за условите кои би можеле да не очекуваат, а секогаш е можно, некоја студена воздушна маса да донесе изненадување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This