КАКВО Е ТОА ПОМИРУВАЊЕ АКО ГИ НЕМАТЕ ГЛАВНИТЕ ПАРТИИ: Ласoвска прашува, кој тоа ќе се помирува со кого?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ има став дека нема да учествува во тоа колективно тело. Нашиот став е јасен ние не може да учествуваме во тело колективно тело за помирување за помирување го велат тие бидејќи таму не се ниту БЕСА, ниту Алијанса, ниту ВМРО-ДПМНЕ. Какво е тоа тело за помирување ако ги немате главните партии? Кој со кого ќе се помирува? Ако ги немате главните опозициски па и позициски партии во тоа тело, запраша в.д претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска при гостување на емисија на МТВ.

Ласовска појасни дека тоа тело и повеќе нејзини сопартијци го нарекуваат тело за порамнување бидејќи се појавува после референдумот и после Црниот петок после гласањето. И да видиме каква е таа правда која што тие ќе ја донесат со некаков закон кој што се најавува.

-Еве и вие кажавте дека ќе има скалеста амнестија, дали тоа според вас скалеста амнестија е правда или пак пазарење внатре во самото тело. Јас тебе глас, ти мене слобода. Тоа така делува во јавноста дури слушам деновиве дека многу правни експерти со доза на резерва го примаат ова колективно тело за помирување бидејќи сите знаеме целата јавност, на народот веќе му е јасно дека ова тело впрочем треба да ги покрие настаните кои што се случија на 19-ти на самиот чин на гласање, посочи Ласовска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This