April 25, 2024, 12:21 am

Какво пилешко месо навистина јадеме? Кокошките се двојно поголеми од пред половина век. Еве што значи тоа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денешната просечна кокошка е вистински џин во споредба со онаа од пред половина век. За среќа, таа е исто толку вкусна и не е опасна по нашето здравје – но само под услов ако правилно се храни!

Од кокошка којашто тежела сè на сè само 1.5 килограми во 1955-та година, стигнавме до тоа за сега цело пиле да може да достигне тежина и до 4 килограми.

Научниците овие разлики во големината и тежината ги сметаат за клучен доказ за генетските манипулации коишто се прават со пилињата, а како што многумина тврдат, тие се резултат на трендот “пилешко на иднината”, којшто започнал во 1948-та година. Тогаш фармерите во САД започнале да развиваат пилиња со специфични цели – да бидат поголеми и подебели, и побрзо да растат.

Токму затоа, сосема очекувано, граѓаните се исплашени и го поставуваат прашањето – какво е навистина месото коешто го консумираат.

А не е и никакво чудо што и многумина сметаат дека “слабата” селска кокошка којашто трчка низ селските дворови е поздрава од онаа “товената”. Сепак, тоа и не мора нужно да е така, но само под услов пилето да биде “товено” на правилен начин.

Според стручњаците за здравствена заштита на живината, генетичарите со години наназад работеле на тоа за да се создаде економично производство – односно за колку што е можно покус период да се добие колку што е можно поголемо количество на протеини.

Според нивните зборови, пилешкото месо сè уште важи за најздраво месо, бидејќи со помош на генетиката се добиени пилиња коишто имаат поголем удел на бело месо, а условите за нивно производство, ако се следат правилата, се строго контролирани. Некогаш тие биле одгледувани надвор, а сега тоа се прави во современи објекти каде што се води грижа за температурата, кислородот, амбиенталните услови, а на метар квадратен главно се сместуваат околу 13 единки.

И ако во далечната 1923-та година биле потребни 16 недели за да се одгледа пиле тешко еден килограм, веќе во 1933-та година за постигнување на истата тежина на одгледувачите им требале дури две недели помалку. Сега, за да се одгледа едно возрасно пиле е потребен период од 42 дена, а според стручњаците, тежината во тој момент најчесто изнесува од 2.5 до 3 килограми.

Тие сè уште тврдат дека пилешкото месо е и понатаму квалитетно, а според некои специфики, и подобро од претходно бидејќи фабричката сточна храна има таква технологија што може да го искористи генетскиот потенцијал, а се изработува таква храна каква што доведува да се добие и на солидна тежина. За таа цел се користат сосема вообичаени компоненти – главно соја и пченка, а тие се немаат значајно променето за истиот период.

Најважно е секогаш да имаат храна – но таа да биде и квалитетна

Како што зборуваат одгледувачите на “товени” пилиња, најважно е пилињата во текот на целиот ден да имаат храна, а во првите денови од животот пилињата се хранат со помало количество на храна, пет до шест пати дневно, како би се избегнало загадување и растурање на храната.

А покрај храната, вообичаено “товените” пилиња во првите денови, коишто важат за клучни, примаат и енрофлоксацин или некој друг антибиотик со широк спектар, како и комплекс од AD3E витамини.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This