КАКВО ПИСМО МУ ИСПРАТИЛ ГЕРО НА БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ: Љупчо Палевски ја објави содржината на писмото кое Геро му го испратил на Бранко Црвенковски!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Партискиот мегафон на СДС, кој пред неколку дена потпиша договор со МИА и МРТ за „консултантски“ услуги, на неверојатни 3.000 евра месечно, молел и кај Бранко Црвенковски  – објави екс-претседателот на градската организацја на СДСМ Љупчо Палевски

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]Здраво Бранко,
Претпоставувам дека си презафатен, па немаш време за средби, а ионака скоро се видовме. Но, има една важна новина кај мене, па затоа решив да ти пишам писмо.
Но, пред тоа, да изразам задоволство што изборите поминаа главно според очекувањата и оптимистичките претпоставки од нашиот последен разговор. Како што веројатно знаеш, јас резултатот од првиот круг веќе го оценив како определување на поголемиот дел од гласачкото тело за проевропските политики, наспроти изолационизмот на Груевски-Иванов. Подетална анализа ќе објавам во мојата колумна в сабота.
А сега, да преминам на главното. Решив да покренам политички магазин, неделник, пандан на „Фокус“ (тој обем, таа големина и квалитет на печатот, иста цена од 50 денари, тираж од 5.000 примероци за почеток). Основам фирма во која ќе бидам стопроцентен сопственик (размислувам подоцна 50 отсто да распределам на тројца мои помлади колеги, кои ќе ризикуваат и ќе дојдат со мене). Мој деловен простор, моја опрема.
Велија го поддржува проектот (веќе се фали на сите страни), нуди евтин печат и бесплатно рекламирање на А1 и во неговите весници, со голема помпа. За возврат очекува профитот да го делиме „братски“ – ако воопшто има профит, барем на почетокот. Како и да е, не бара ни формален ни неформален удел во фирмата, што за мене е поволно.
Патем речено, останувам присутен со моите остри коментарчиња на насловната на „Шпиц“ и по покренувањето на неделникот, сѐ додека мислам дека тоа има смисла и е потребно.
И ете, се заколнала свињата да не јаде… Решив да рескирам и да влетам во проектот. И двајцата знаеме како е со Велија, хировит е, можни се нагли промени, трае дур трае. Неодамна тој нѐ собра сите уредници на еден ручек со Фуере, со Валеро и со Ивица Боцевски и свечено објави пресврт во својата политика – од сега е за компромис за името, за ЕУ и НАТО, за Запад… Дури и јавно, пред сите, се извини што ме сменил. Го зел покрај себе и Димитров, ќе составува преговарачки тим. Хе-хе-хе… Двоцевски истрча од ручекот, како попарен, да јави кај шефот што се случува. Се пали детето, не му го знае тертипот на Велија. Како и да е, изгледа дека мојов проект совршено му одговара за новата приказна.
Нема потреба да ти кажувам како го замислувам неделникот. Како моето пишување. Ќе боде, ќе жари и пали… Сите новинари што ги капарисав се од една генерација, од МИМ, мои студенти, пелцувани (само оној Антевски ни е ептен левак, сака да ни направи комунизам, ама ќе го трпиме). Сега сум во потрага по колумнистички манги, познати имиња кои ќе му прават имиџ на весникот.
Првиот број ќе излезе на 1 Мај. Официјалната промоција ќе биде на првомајскиот протест, меѓу протестантите – ќе делиме сендвичи и сокчиња, а промоторите ќе говорат на мегафони.
Те молам за помош, колку што можеш. Еве што конкретно очекувам од тебе:
1. Размисли околу идејата да ми гостуваш со една анализа-есеј во три-четири продолженија. Мислам дека ќе легне добро, поврзано со твоето враќање во СДСМ (ако може Љубчо да пишуе, можеш и ти). Ако не ти фаќа око, очекувам барем мега-интервју за првиот број.
2. Размисли на кои од големите имиња во партијата на кои сметаш за во иднина, или на некои други блиски интелектуалци, би можел да „пукам“ за колумнисти. Би сакал во таа смисла една насока од тебе.
3. Ќе ми треба малку помош и да обезбедам реклами од некои луѓе (фирми) кај кои ти врви зборот. Ако не ти е тешко, би сакал да им кажеш некој убав збор за мене.
Е тоа… Се надевам дека ќе направам добар неделник, полн со енергија. Јас сум малку стар за вакви почетоци, ама уште не сум за фрлање, а мислам дека имам многу солидна и мотивирана млада екипа. Новиот производ ќе биде придонес кон развојот на критичкото мислење во јавноста, што ќе биде особено важно во периодот пред нас.
ПС. Мојата спремност и желба за соработка на оној план за кој зборувавме на нашата последна средба, се разбира, останува. И се зајакнува, де… – напишал Геровски, објавува Палевски.[/kopa_block_quote]

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This