КАКОВ ЗАЕВ, КАКВИ БАКРАЧИ: Груевски ги открива деталите за тоа како Сорос ја инфицира државата со анти-државни елементи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се договоривме да направиме едно интервју поврзано со активностите на Сорос во Македонија. Често е спомнуван, особено од Вашата партија, а никогаш подлабински немало разговор со некој политичар за тоа. А на почетокот да Ве прашам, поминавте тешка година, како ја оценувате?

nikola-gruevski-int105-1_201491792125

Тешка, но и интересна. Да, имавме тежок противник, при што не мислам на СДСМ, тој беше само параван, инструмент, маша… Да не беше зад него Џорџ Сорос со сите милиони што ги истура во Македонија, со целата мрежа од НВО, медиуми, политичари, внатре и надвор, што ги плаќа, влијание во најмоќните држави во Светот, и тоа одлучувачко влијание кога станува збор за помали земји како нашата, немаше да е толку тешко, а и економијата ќе беше посилна, ќе имавме повеќе нови отворени работни места. Иако и ова што го постигнавме не е за занемарување во една ваква тешка ситуација.

Како знаете дека Сорос има одлучувачко влијание кај најмоќните земји, кога станува збор за помали држави?

Има многу примери за тоа. Погледнете ги на пример меиловите кој Сорос ги испраќа а беа објавени на Викиликс, и се ќе ви стане појасно…човекот дава јасни инструкции што треба да се прави, и му поминуваат без многу дебата или проверки.

Од други објавени е-меилови се гледа дека влегува кога сака кај високи функционери во Америка, договара средби од денес за утре, и има суштинско влијание. Ако има таков лесен пристап во најмоќната земја на светот, тогаш каков ли му е пристапот кај другите, помали од Америка?

Неговата фондација и по финансии и по кадровски потенцијал е најмоќна фондација во Светот која има политички цели. Сорос решил своето богатство да го употреби за да остварува влијание во две насоки- идеолошко кон создавање на т.н ” отворени општества” и финансиско, преку шпекулации и однапред познати политички исходи во одредени земји да профитира на берзата.

По некое време, цели институции, цели министерства, можеби и цели влади, и нивни разузнавачки агенции се инфицирани со неговите гледишта, со неговата идеологија, со неговиот поглед и цели. Дополнително, и самите тие си наоѓаат некој дополнителен интерес од таквото делување, и тераат со сите сили, а ние тука разговараме за Заев, или СДСМ…Каков Заев, какви бакрачи…

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This