„Како бе вака жено“: Сара Мејс не можеше да не ја искритикува евровизиската учесничка и целиот натпревар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Импресиите и возбудата од финалната вечер на Евровизија која се случи изминатата сабота, никако не стивнуваат.

Поддршка и честитки за пласманот на нашата преставничка, напиша речиси секоја позната личност во земјава и регионот, а особено музичарите и колеги на Тамара кои добро и со професионално уво ги воспримаа песните и изведбите на учесниците.

Пејачката и харфистка Сара Мејс заедно со својот сопруг, водителот Димитар, внимателно го следеа секој момент. Димитар беше иритиран од гласањето на Словенија, а пак увото на Сара не можеше да ја толерира изведбата на поп-каралицата Мадона која беше специјална гостинка на Евровизија во Тел Авив.

Сара на својот профил на Фејсбук напиша коментар посветен токму на настапот на големата музичка ѕвезда и икона.

-Срцебиење имам колку е ниска (интонативно). Мадона, како бе вака жено! – го коментираше Сара настапот на Мадона, но тука не запре со коментарите, бидејќи веројатно не беше задоволна од финалниот резултат и настанот генерално, па се надополни.

-Евровизијо, бруко една! Уа!- пишува Сара Мејс на што доби доста лајкови од своите следбеници, пријатели, обожаватели и секако гледачи на големиот европски музички спектакл.

Инаку, настапот на Мадона крена голема прашина на социјалните мрежи и медиумите, а повеќето ја критикуваа нејзината вокалната изведба, но можеби заборавија дека таа е шоумен на сцената која најчесто има мисија да прати порака, а не да се покаже колку добро пее.

За изведбата на втората песна од нејзиниот најнов албум, на нејзиниот вокал беа додадени ефекти, па истиот и не звучеше така „суво“ за дополнителна критика.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This