КАКО БУГАРИЈА СОЗДАВА ЛАЖНА ИСТОРИЈА СО ЕВРОПСКИ ПАРИ: 90 милиони евра  пари од ЕУ потрошени за лажни замоци од картон кои се распаѓаат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако Бугарија пренамени  90 милиони евра европски пари во проекти за реставрација на т.н. историски локалитети за кои критичарите предупредуваа, конзерватолозите сега се плашат од исходот од реставрацијата која повеќе до очигледно ќе изискува поголеми трошоци, а очекуваниот исход е далеку од посакуваниот.

“Плаче –  тврдина плаче”, изјави за БИРН конзерваторски архитект Стела Дулева, опишувајќи ја белата супстанциа која протекува од новоизградените ѕидови на римската тврдина од Трајановата врата од 4-тиот век во Бугарија.

“Таа преживеа 16 века, а сега е уништена за 2 милиони евра”, додаде таа.

Сместена  на врвот на планинскиот премин помеѓу античката Тракија и Македонија, тврдината е една од 120те археолошки локалитети и национално наследство што бугарската влада избра да ги обнови и оспособи како туристички атракции помеѓу 2011 и 2015 година, користејќи свои пари(не се знае точната сума) и речиси 90 милиони евра од Фондот за регионален развој на ЕУ, ЕРДФ .

Не само овој локалитет, туку и многу други предизвикаа потсмев за нивната претерана реконструкција и кич-изглед, заработувајќи прекари како “картонски замок” и “тврдина од сирење”.

Конзерваторите предупредуваат дека поголемиот дел од “реставрацијата” која е направена повеќе ги има оштетено отколку повратено автентичниот изглед на првичните градби, наместо сочувани вековни знаменитости, добивме некои градби кои е срамно да ги покажеш и како туристичка атракција. Дури и еден од подржувачите на иницијативата за реставрација призна за упрпоастувањето и сугерираше дека средствата биле злоупотребени.

Оваа година ќе биде достапна уште една европска финансиска транша, позната во Бугарија како оперативна програма ” Региони во раст “. Според него, ќе бидат наменети најмалку 100 милиони евра за развој на повеќе туристички атракции. Она што е интерено е дека ниту Еу ниту Бугарија не се срамат и двоумат да обезбедат(ЕУ) и потрошат(БГ) толкава сума на пари, иако и двете страни не негираат дека првата иницијатива и средствата се залудно потрошени.

 

Експертските групи, вклучувајќи го и Меѓународниот совет за споменици и локалитети, ИКОМОС, предупредуваат дека поривот да се апсорбираат повеќе пари од ЕУ и да се направат нови дополнувања на историски рушевини, е “фалсификување историја” и “неповратно уништување на културното наследство”.

 

Иако финансиран од ЕУ, самата шема беше дизајнирана од страна на владата, а управувана од Министерството за регионален развој.Еден од најконтроверзните резултати од инвестицискиот план е тврдината Кракра во Перник. Посетителите се збунети и ги исмеваат кога ќе видат нов додаден полимер бетон, така тврдина го заработи прекарот “картонски замок”.

Локалната општина сега бара дозвола и пари за рушење на доградбата во 2019 година, штом ќе се изминат пет години од работењето што наведена во програмата  за финансирање од првата катастрофална етапа.

Византиската тврдина Јајлата, во близина на далечното село Камен Бриаг, во меѓувреме е наречена “тврдина од сирење”, благодарение на нејзините мазни нови бели блокови од типот Ytong.Новата стаклена ограда и знацикои беа ставени пред неполна година, а за нив беа потрошени над 1 милион евра, веќе се уништени, а дел и одстранети.

Реставрацијата на урнатините од стариот римски град Сердика, кој се наоѓа под главниот град Софија, инвестиција вредна 11 милиони евра, иако изграден речиси од нула, исто така веќе се распаѓа. Да биде штетата упте поголема на овој локалитет беше изграден и подземен музеј кој сеуште не е ни отворен, а и не се знае каква е неговата состојба.

Во почетокот на 2015 година, имаше протести за овој проект и сомнеж за материјалите кои се користат за неговата изведба. Министерството за култура, тогаш  жестоко го бранеше проектот, а сега го тужи градежниот изведувач за “несоодветно извршување” на реставраторската работа.

 “Малку фабрикување ќе направи многу за туризмот”, е славна изјава на Вехди Рашидов, тогашниот министер за култура, славно забележан во парламентот во 2015 година, одговарајќи на критичарите кои го обвинија за правење Дизниленд  на историјата и “Скопје-визирање” на бугарското наследство, алудирајќи на преобразбата на македонскиот главен град.

 Главниот аргумент на обвинувњата на Министерството за култура и Министерството за регионален развој за неуспехот е дека во постапката и тендерите, главен услов била најниската понудена цена, но остануваат оптимсити со оглед дека ги чекаат новите 100 милиони евра кои ќе бидат доделени повторно.

Од министерстово велат дека новите пари ќе бидат обезбедени во форма на заеми и грантови за да се осигура дека “програмата финансира економски одржливи проекти кои ќе привлечат доволно туристи … така што проектот ќе биде финансиски одржлив и ќе го врати дел од инвестицијата на долг рок “.

Иронијата е во тоа што за потрошените 90 милиони евра, овие локалитети успеале да направат заработка од смешни 124.000 илјади евра

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This