КАКО ВО ВЕНЕЦУЕЛА: Редици пензионери на минусни температури чекаа да ги подигнат своите пензии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчера беше први декември, а оваа мешаница пред една од филијалите на НЛБ „Тутунска банка“ е за подигање пензии.

Фотографијата е направена вчера утрината, во Куманово. Мешаницата ја прават пензинерите кои утринава дошле уште пред да се отворат шалтерите во банката. На минусни температури чекаат да подигнат пари, што само покажува дека пензиите кои ги земаат не им се доволни за да преживеат во текот на месецот. Празните џебови ги тера да бројат денови до први и уште рано наутро да застанат пред банка, да подигнат пари за леб и млеко. Иако владата ветуваше повисоки пензии, тоа не се случи. Ветуваа дека ќе дојде живот, ама не кажаа каков. Ова ли е животот што СДСМ го ветуваше?! Гладни и премрзнати пензионери.

Познато е дека оние пензионери кои имаат сметки во оваа банка секогаш на први во месецот ги подигаат парите од пензиите, без разлика што Фондот за пензиско и инвалидско осигурување се уште ги нема префрлено парите на сметките.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This