April 19, 2024, 10:10 pm

Како во средниот век: Зaгaдена водата во Струга, не е бeзбедна за пиење

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

д Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, информираат дека водата во Струга е загадена и не е безбедна за пиење.

Како што се вели во соопштението, причина за загаденоста се обилните врнежи од дожд што изминатите денови го зафатија Струшкиот регион.

„Поради обилните врнежи од дожд, приливот кон изворите е зголемен, и како резултат на тоа, водата е загадена и да не се употреби за пиење денеска и утре“, се вели во соопштението од претпријатието.

После секој дожд од чешмите на стружани тече заматена вода. Проблемот се провлекува години наназад, за што надлежните се уште немаат решение. Но, заматената вода, не е единствен проблем. Во градот што се протега на две води, жителите често немаат вода за пиење во своите домови, а револтот пред неполн месец го изразија преку мирен протест пред просториите на ЈП „Водовод и канализација“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This