КАКО ВО 16-ТИ ВЕК: Обвинителkaта Трајчева одби да ги даде дokазите писмено или на ЦД, ocoмничените ќе мора да ги препишуваат на рака

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешната јавна седница за оценување на обвинителниот акт, осомничените преку нивните адвокати побарале препис на доказниот материјал, соопштуваат извори од одбраната.

Барањето доказите да ги добијат во писмена форма или на ЦД било одбиено од страна на обвинителката Ивана Трајчева, па во престојните 20-тина дена до наредната седница за оцена на актот, осомничените ќе мора стотиците страници да ги препишуваат на рака, за да може потоа да ги анализираат и да понудат свои аргументи со кои ќе ги оспорат материјалите понудени како доказ од Основното јавно обвинителство.

Не се познати причините за ваквото тотално нелогично однесување на Трајчева и причините поради кои од ОЈО не сакаат да им дадат на обвинетите копија од доказите за да може да ја подготвуваат својата одбрана.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This