April 26, 2024, 12:08 pm

КАКО ВУЧИЌ ЈА КОМЕНТИРАШЕ ФОТОГРАГИЈАТА НА ТАЧИ И ПУТИН: Не знам кога е направена, ама знам како реагираше Путин кога сфати со кого се ракува и слика

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ние не се воодушевениуваме со секоја слика, но секој има своја политика и положба, како што има и Србија, изјави денеска претседателот Александар Вучиќ за фотографија на која во Париз, рускиот претседател Владимир Путин се ракува со претседателот на Косово, Хашим Тачи.

“Може Тачи да трча по Путин колку тој сака, но тој нема да добие поддршка за нешто со кое Србија не се согласува”, рече Вучиќ на прес-конференција и рече дека Белград и Приштина  се “многу далеку од помирување” во моментов.

Тој изјави дека, како што Русија има свои интереси, исто така и САД ги има.

Тоа што јас се состанувам со Трамп, не значи дека САД ќе се предомисли и ќе го смени ставот во врска со Косово, како што нема да го промени фактот дека Трамп еднаш изјави дека Србите се голем народ “, истакна претседателот Вучиќ.

Тој е толку уверен дека Русија нема да ја промени својата позиција и дека, како што беше досега, ќе биде со Србија.

За фотографија на Путин и Тачи рече дека не знае кога таа е направена во Париз, каде што вчера се одржа церемонијата по повод сто години на примирјето од Првата светска војна, но знае како Путин реагираше кога сфатил кој е тој со кого се ракува.

По повод тврдењата на Тачи за овој разговор, тој рече:

“Тоа не е моја работа. Ова е прашање за Русија и Приштина. Не е наша работа да внимаваме на тоа што ќе стори голема сила како Русија, а не треба ни да кукаме и да се жалиме … “, рече Вучиќ.

“Не верувам дека на Путин му е лесено и покрај фактот што ЕУ ја поддржува независноста на Косово и дека Србија е на европскиот пат. Тоа не е лесно за него. Ние не сме воодушевени од секоја фотографија. Нема љубов во политиката, туку само интерес “, рече Вучиќ.

Русија, истакна тој, е наш пријател, имаме добри односи со Русија и ќе имаме уште подобри односи.

Тој рече дека рускиот претседател Путин ќе дојде во Србија во јануари следната година и дека никогаш нема да оди во Приштина.

Во декември, додаде тој, францускиот претседател Емануел Макрон доаѓа во Србија, кој, како што рече, нема да оди во Приштина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This