Како ги пуштаме луѓето да си одат од нас?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Постои навистина непријатно чувство кога ќе налетате на некого со кого одамна сте ги расчистиле сметките, без разлика дали е поранешен партнер или пријател.
Може да се спореди со чешање на вашата кожа, со рана која долго време била отворена и само што почнала да заздравува. На тромбот кој се создава врз раната и кој од досада го гребете со нокти и од него повторно капнува крв.

Така и овие луѓе – тие се раните кои тешко заздравуваат и чии лузни продолжуваат да болат.

Но, вие сте ги пуштиле да си заминат – не затоа што не сте знаеле да се борите, туку за да се заштитите себе. Затоа и треба да гледате на тоа како на една голема победа, како на поштедување од сериозна траума.

Затоа што знаете дека кога-тогаш ќе се разбудите и ќе сфатите дека болката е сè помала и помала, дека заборавате, дека сте регенерирани и дека сте продолжиле со својот живот. Денот кога нема да ви биде грижа за тие луѓе ќе дојде, а вие нема ни да забележите дека се случило тоа, бидејќи ќе имате други грижи.

За тоа да се случи треба целосно да ја ослободите таа личност и да се трудите да не оставате нишки кои ве врзуваат. Тие и понатаму ќе постојат, ќе имаат нови почетоци и краеви, но далеку од вас.

Не треба да се опседнувате со нив, ниту да обрнувате внимание на секоја случајна средба. Она што тие биле со вас веќе не постои, па дури ни во вашата меморија.

Не бегајте од местата каде се движи, не заобиколувајте ја нивната улица и не обрнувајте внимание на нивното постоење. Само така ќе успеете да се заштитите од нив и да продолжите да живеете во свет во кој нив ги нема, во кој постојат некаде далеку и на никој начин не можат да ве повредат.

Извор:crnobelo.com

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This