КАКО ДА ГО ПРОЧИСТИТЕ ТЕЛОТО ОД НИКОТИН: Како да го прочистите телото од штетните состојки од цигарите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пушачите може на брз и здрав начин да го исчистат телото од никотинот од цигарите со здрава исхрана. Ако редовно ги внесуваат овие намирници, пушачите може да ја надоместат штетата предизвикана од никотинот.

Зелен чај

Пушењето цигари придонесува телото побрзо да ги губи течностите и тоа може да доведе до дехидратација. Витаминскиот чај направен од два литри вода, 12 ливчиња нане, зелен чај и лажичка рендан ѓумбир во кој потоа, кога ќе се олади, ќе додадете една краставица и сок од еден лимон, е одличен за хидратација во текот на денот и ќе го исчисти телото од токсини.

Моркови

Никотинот ја суши кожата и поради тоа лицето нема здрав сјај и тен. За да го спречите овој несакан ефект, јадете моркови. Морковите содржат големи количини витамини А, K, C и B. Јадете ги свежи или во свежо цеден сок од моркови, јаболко и лимон.

Спанаќ

Фолната киселина е многу важна за нормална работа на организмот, а исто така е активен елемент во чистењето на телото од никотин. Спанаќот е богат со фолна киселина, но исто така и со железо, калциум и растителни влакна.

Брокула, прокељ и зелка

Освен што овие зеленчуци содржат полифеноли што се покажале многу ефкасни во смирувањето на разни воспаленија во системот за варење, исто така содржат и антиоксиданси кои го чистат телото од токсини како никотинот. Овие зеленчуци треба да ги готвите со минимална термичка обработка за да задржат што е можно повеќе од нивните хранливи состојки.

Киви, лимон и портокал

Освен водата, никотинот ги исфрла од телото и витамините A,C и E кои го јакнат имунитетот и му помагаат на телото да се бори против разни инфекции и бактерии. За да ги надоместите изгубените витамини, јадете киви, портокали и лимони.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This