Како да го „спасите“ телефонот доколку ви падне во вода

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првото нешто кое што треба да го направите доколку вашиот телефон ви падне во вода е да го отворите и да ја извадите неговата батерија, а потоа да го избришете со пешкир. Доколку тоа ви се случи надвор од вашиот дом, прво треба да утврдите дали течноста влегла во вашиот телефон и стигнала до матичната плоча која што е ”мозокот” на телефонот.

Ова се работите кои што треба да ги преземете доколку телефонот ви падне во вода:

1. Ориз
Ова е добра идеја доколку вашиот телефон не паднал целосно во вода, а експертите велат дека подобар е инстант отколку интегрален ориз. Се става во кеса со ориз и се остава така.

2. Фен
Најважно е телефонот добро да го исушите со фенот, бидејќи сите негови делови не можат да се избришат со пешкир. Телефонот никогаш не оставајте го на сонце. Употребете фен.

3. Правосмукалка
Правосмукалката подобро суши од фенот, па доколку тоа ви се случи во вашиот дом тогаш уклучете правосмукалка и поминете со неа по сите делови од телефонот.

4. Песок за мачки
Кој има мачка очигледно ја решил работата. Песокот има неверојатна моќ за впивање на влагата.б

5. Мајстор
Сте го вклучиле, сте го наполниле телефонот – работи. Сепак, однесете го на мајстор доколку телефонот ви е нов и скап и доколку мислите дека тоа е потребно за да бидете целосно сигурни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This