Како да направите совршено пилешко на скара

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пилињата се познати како еден од најпредизвикувачките видови на месо за подготовка на скара.

Ако го подготвите правилно, ќе добиете сочно месо во кое ќе уживате. Но, само еден момент на невнимание (или малку незнаење) и ќе добиете суво месо кое повеќе потсетува на парче картон.

Неколку најчести грешки што луѓето ги прават при подготвување пилешко:

Бидете сигурни дека месото не е изложено на пресилна топлина. Ако температурата е премногу висока, речиси сигурно ќе го уништите вашиот сопствен ручек. Идеална температура би била околу 180 степени. Ако користите јаглен, размислете да го турнете јагленот на едната страна, така што пилешкото нема да биде изложено на директна топлина.

Не чувајте го капакот од скарата отворен бидејќи топлината ќе избега. Температурата на решетката од скарата паѓа секој пат кога ќе го отворите капакот. Покриена скара додека се подготвува пилешко создава услови слични на оние во рерната и спречува бегање на скапоцената топлина.

За иделно печено пилешко месо ќе ви треба пренхранбен термометар. Ако немате, ќе треба да набавите, а ако имате, тогаш задолжително користете го. Вашето пилешко е идеално кога внатрешната температура е приближно 75 степени. Вметнете го термометарот во најгустиот дел од месото за да добиете најточно читање и бидете внимателни да не ја допирате коската.

За да избегнете горење на пилешкото, внимавајте да не додадете маринада прерано. Ако користите маринади кои имаат голема содржина на шеќер, како и сосови за скара, внимавајте да не ги додавате премногу брзо. Сосот може да создаде карамелизирана кора и вкус, но додавањето премногу рано може да предизвика шеќерот да изгори брзо и да ви отежне да процените дали вашето месо е направено.

Не ја преоптоварувајте скарата со друга храна. Додавањето премногу храна на скарата може да предизвика вистинска забуна.

Различни делови на пилешкото бараат различно време на подготовка. Времето и температурата на подготовката ќе зависат од делот од пилешкото месо што го користите. Доколку печете пилешки гради, треба да ги свртите четири пати, што ќе помогне да се задржи влагата, но исто така ќе го задржите и вистинскиот вкус на скарата. Ако печете нешто друго освен пилешки гради, како што се крилца или копани, можеби ќе треба да се консултирате со вашиот месар за оптималното време за готвење за одредено парче месо.

Месото треба да одмори. Ако не сакате да биде суво, треба да му дозволите на пилешкото да „одмори“ малку откако ќе го извадите од скара. За помали парчиња месо, доволно е пет минути, додека за поголемите треба да почекате помеѓу 15 минути и половина час.

Редовното чистење на скара може да направи огромна разлика. Општо правило е да ја исчистите скарата пред да започнете да подготвувате храна на неа. Клучот е да ја исчистите скарата со добра четка за да избегнете нееднаква топлина, мирис на загорено и сл.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This