КАКО ДА ОСТАНЕТЕ НАЈБЕЗБЕДНИ ПРИ ЗЕМЈОТРЕС: 15 совети

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Земјотресите се природни непогоди кои се тешки за предвидување, но кога ќе се случат знаат да бидат послаби, но и кататстрофални. Подолу прочитајте неколку совети за тоа како да се однесувате и што да направите за време на земјотрес, со цел да останете најбезбедни што можете.

Доколку сте внатре

1. Легнете покрај некое парче мебел како што е тросед, кревет, плакар и тоа во фетус положба. Доколку сте во можност градбете душек и поставете го странично до вас. Избегнувајте да се криете под маса или слични предмети – доколку се срушат тешки нешта врз масата, вие ќе бидете смачкани.

2. Ако сте во кревет за време на земјотрес, стркалајте се од него и легнете покрај креветот, а главата покријте ја со перница.

3. Избегнувајте криење во кујната, покрај полици со украси и книги, прозорци – било што кое што може да ви падне на глава, да се скрши и да ве повреди.

4.  Надворешните потпорни ѕидови на куќите се едни од најбезбедните место во куќата за време на земјотрес. Доколку имате шанса, потпрете се таму.

5. Иако владее општото мислење дека рамката од вратата е едно од најбезбедните места за криење за време на земјотрес, експертите докажаа дека не е така – овде сте изложени на повеќе физички повреди од двете страни на рамката.

6. Останете внатре додека не сте сигурни дека може да излезете. Истражувањата покажале дека најмногу повреди за време на земјотре се случуваат кога луѓето пробуваат да сменат локација или пак се во гужва во други луѓе со истата цел.

7. Затоа, ако живеете во зграда не тргнувајте по скалите – тука не е безбедно поради тоа што скалите „се движат со поинаква фреквенција“ за време на земјотрес и доколку почне посилен земјотрес, ќе бидете заглавени тука. Се подразбира и дека никако не треба да користите лифт во случај на земјотрес.

Доколку сте надвор

1. Најдете празно место подалеку од градби, бандери и дрвја и легнете на земјата.

2. Ако сте во возило, застанете настрана од патот и останете внатре додека не престане тресењето. Доколку станува збор за посилен земјотрес, излезете од возилото и застанете покрај него.

Подготовка однапред

1. Бидете спремни со план за евакуација од домот доколку дојде до земјотрес. Овој план споделете го со семејството, за да може секој да знае дека не треба да паничи, туку да следи одреден протокол.

2. Одредете излез за во итен случај. Задната, предната врата или подрумот – важно е ова да е најлесен пат за излегување од домот и секој да го знае.

3. Одредете најбезбедна соба за криење, во случај да не сте во можност да излезете. Тука важат сите правила за криење во дом (подалеку од предмети што може да ви паднат и да ве повредат).

4. Зацврстете ги сите прозорци, полици што се клатат, откачени слики и сл. кои во случај на земјотрес може да ве чинат живот.

5. Предмети за итен случај: Пакетче за прва помош, батериски ламби, свирче, ракавици, чизми и ќебиња – ова се нештата што треба да ви бидат подготвени и на дофат во случај на ваква елементарна непогода.

6. Храна и вода. Замислете дека 3 дена може да бидете заглавени таму – подгответе вода и конзервирана храна што може да ви издржи за 72-часовен период.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This