КАКО ДЕНЕС ИЗГЛЕДА РАЗНЕСЕНИОТ МЕРЦЕДЕС НА ГЛИГОРОВ: 21 година по првиот претседателски атентат во Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешен ден пред 21 година беше извршен неуспешен атентат врз поранешниот претседател на Македонија, Киро Глигоров. Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди на главата. Во атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден и телохранителот Илчо Теовски. Истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена.

kiro_mercedes_naslovna

Нападот беше извршен со автомобил-бомба во 1995 година на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје.

Глигоров почина на 1 јануари 2012 година на 94 години.

Претседателскиот автомобил со кој Киро Глигоров пред 21 година тргна од својата резиденција кон Собранието денеска е паркиран во гаражата на МВР- конзервиран и добро чуван за некои подобри времиња кога полицијата би добила нов траг за продолжување на најтешката истрагаkiro_mercedes

Целосно изрешетан и издупчен од десната страна, делумно згмечен со искршени стакла- некогаш најмодерниот модел на мерцедес 500 сел денеска е споменик на најголемата мистерија во поновата историја- атентатот на престедателот Глигоров. Претседателскиот автомобил со кој Киро Глигоров пред 21 година тргна од својата резиденција кон Собранието денеска е паркиран во гаражата на МВР- конзервиран и добро чуван за некои подобри времиња кога полицијата би добила нов траг за продолжување на најтешката истрага.kiro_mercedes2

Зад него на паркингот стојат остатоците од автомобилот бомба – ситроен ами 8 кој го чекаше претседателот на улица Македонија и експлодираше во точно 9 часот и 45 минути кога претседателскиот мерцедес помина покрај него на калдрмата кај Бристол. И денес како и тогаш двата автомобили се еден до друг. Обидот за атентат на Глигоров беше кобен за неговиот возач Александар Спировски а повреден беше и неговиот телохранител Илчо Теовски. Од повредите почина и Христо Христоманов кој на местото на настанот се нашол случајно а повредени беа и екс директорот на музејот на град Скопје Климе Коробар и докрторот Јован Атанасовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This