КАКО ДО ПРВИОТ МИЛИОН: Пет начини за стекнување на првиот милион!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според Џармеш Шах, ко-основач на интернет маркетингшката платформа HubSpot, патот до богатството не е брз, ниту едноставен, но со одреден начин на однесување може да се достигне, пишува inc.com.
million-dollars-1040cs081712

Ова се некои од насоките до кои би требало да се држите ако сакате да станете богати:

1. Престанете да бидете опседнати со парите
Не смеете да се концентрирате само на парите, туку да ја промените перспективата. Не гледајте на парите како на примарна цел, туку како на нуспроизвод на работењето на вистинските работи.

2. Помагајте им на другите
Најуспешните луѓе многу им помагаат на другите. Ги разбираат другите и подготвени се да им помогнат во остварувањето на нивните цели, бидејќи дури тогаш и тие можат да станат успешни.

3. Една работа правете ја подобро од останатите
Пронајдете една работа во која сте подобри од останатите и константно работете на неа. Вежбајте, учете, напредувајте… Бидете умерено самокритични. Најуспешните луѓе барем една работа ја прават подобро од останатите.

4. Со рутина до напредок
Никогаш не заборавајте дека за остварување на одредена цел, потребно е да се изгради одредена рутина. Пример, ако сакате да напишете книга од 200 страни, треба да одредите колку ќе пишувате на дневна база. Тоа е рутина

5. Истражете што успешните луѓе ги прави успешни
Направете своја листа од 10 луѓе на кои им се воодушевувате и кои се најуспешни во она што го работат. Но немојте само да им се воодушевувате, туку и погледнете на кој начин станале успешни. Тие исти критериуми искористете ги за својот напредок.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This