Како државата „kиднaпиpa“ луѓе врз основа на гласини и прераскажани муабети?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доколку се анализира белешката, ќе се забележи дека сите аргументации и предвидувања се однесуваат на можно сценарио, без приказ на факти кои би го потврдило тврдењето на оној кој ја пишал белешката. Притоа, подносителот на белешката употребува глаголска л-форма [престојувал, подготвувал, имал] која најмногу се употребува кога сакаме да прераскажеме некому нешто, без разлика дали сме го чуле тоа, прочитале, или пак некој ни го кажал. Најчесто тоа е гласина, употреба на претпоставка или поставување на прашање и одговор на хипотетичко прашање, смета деканот на Факултетот за безбедност при Европскиот Универзитет во Скопје проф.Александар Нацев.

Службената белешка на Агенцијата за Национална Безбедност која пред неколку дена се појави на социјалните мрежи, недвосмислено упатува на сомнежот дека тајната полиција во Маекдонија продолжува да се користи како алатка за политичка пресметка со противниците на владејачката каста, притоа злоупотребувајќи ги државните безбедносни ресурси во политичката пресметка.

– Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев. Ако АНБ примениле само оперативен метод „набљудување” и на тоа се повикуваат како образложение, тогаш тоа објаснување држи вода до некаде, затоа што тоа им е законска можност и овластување. Но, набљудување значи да гледаш некој дека пие кафе и да го нотираш тоа, како и да ги нотираш лицата кои се во негово друштво, но како во тој случај би знаел што се зборувало на масата, и би напишал кредибилна службена белешка за содржината на тој разговор?, заклучува професорот Александар Нацев.

Во службената белешка на АНБ не се презентирани ниту докази за наведеното во белешката, напротив, само се споменуваат претпоставки и гласини за она што сака оперативецот да го презентира како факт.
На пример, во белешката се зборува за наводна средба со припадници на странска разузнавачка служба, но во прилог не се доставуваат докази кои би требало да ги потврдат овие наводи.

– Во однос на вмешаноста на странска служба, не е наведено ниту името и презимето (или било каков идентификациски маркер, па дури и псевдоним) на припадникот на странската служба, кој имал состанок со лицата од интерес, што кај сите нас раѓа сомнеж дека воопшто не е извршена ниту проверка во хотелот Аурора, ниту пак е одземен видео материјал од видео надзорот во истиот, кој потоа би бил прилог во белешката, вели Нацев.

Секако, логично се заклучува од белешката дека истата е упатена како основно средство против Обвинителството кое има за цел да го притвори токму Јордан Камчев. Ова пак упатува на тоа дека против него постои организирана политичка хајка која го таргетира исклучиво бизнисменот, со цел да се лиши од слобода без соодветни докази.

– Друга дилема е, ако имало обид за бегство, зошто тогаш нема истрага против Наташа Савова која е посочена како помагач?, прашува Нацев, кој пак смета дека оваа белешка не би можела да биде основ за истрага против ни едно од споменатите лица во белешката.


Дека немало средба со странски разузнавачи, или како што се шпекулира во белешката со припадници на бугарската разузнавачка служба, потврди и бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов кој е одговорен токму за овие служби.

– И тие информации дека бугарски агенти му помагале на Јордан Камчев да организира бегство од Македонија се целосна глупост. Лага на Виктор Димовски и неговата банда, тврди Каракачанов, објаснувајќи дека за тоа не постојат никакви докази.

Вилма Русковска пак тврди дека службената белешка на АНБ не е основен докази за барањето на притвор на бизнисменот Јордан Камчев, туку дека обвинителката Стефанова поседува и други докази.
Ако се суди според наведеното во барањето за притвор, наводите кои ги споменува обвинителката Лиле Стефанова се неточни.

На пример, не е точен наводот дека Орце Камчев има стан во Бугарија како што тврди обвинителството. Одбраната на Камчев со аргументи докажуваше дека тој навод е апсолутно фабрикуван. Уште посканда

Уште поскандалозно е дека како основ за сомнеж за бегство се наведува фактот дека имал болница во Бугарија. Таа информација не е тајна – туку е една од работите со кои Орка Холдинг се гордее, тврдат од одбраната на беизнисменот, и се јавно објавени на веб страната на Холдингот- дека се коспоственици со Светска Банка и Аџибадем во Болница во Бугарија!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This