КАКО ЗАЕВ ЛАЖЕШЕ ЗА ПРИТВОРОТ ЗА ЈАНЕВА: Лажги со опашки се изјавите дека Катица Јанева за 10 дена ќе оди во куќен притвор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев денеска ги демантираше вчерашните обвинувања од пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ дека на лидерската средба кажал оти специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за 10 дена ќе биде пуштена во домашен притвор.

Тоа се лажги со опашки. Строго ги деманитрам ваквите лаги бидејќи на лидерската средба кога се отвораше дебатата зошто воопшто се преговара кога предметите поминуваат во Јавното обвинителство, мојот коментар беше оти од Ирена Фрчковска сум информиран дека е логично Јанева да бара да ги достави предметите заради одговорност, но веројатно и жената да си бара олеснителни мерки во истрагата заради невлијание на сведоците, невлијание на предемтите. И тоа е коментарот за да продолжиме да преговараме. Вака некој со лаги тоа да го злоупотреби е нечесно кон јавноста и нека му е на чест на Милошоски, изјави Заев пред денешниот настан во хотелот „Хилтон“.

Денес одбиена жалбата на Катица Јанева со која бараше Апелацискиот суд да ја ослободи од куќен притвор, за да се брани од слобода, во превод Заев излажа дека Јанева нема да си замине од Шутка, па таа веќе неколку месеци се наоѓа во својот дом. Судискиот совет ја потврдил првостепената одлука која ја донесе кон крајот на ноември, кога Јанева од истражниот затвор „Скопје“ беше преместена во станот на нејзиниот син, каде ја издржува мерката куќен притвор. Поранешната обвинителка и натаму ќе биде без патна исправа, а државата не смее да ја напушти со лична карта. Останува и забраната што ја одреди судот, таа да може да комуницира со лицата кои се инволвирани во случајот „Рекет“. Вишото јавно обвинителство испрати негативно мислење до Апелација за одбиеното барање на Јанева да се брани од слобода. Таа во затворот во Шуто Оризари беше од 21 август до пред почетокот на судските рочишта на 3 декември.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This