April 18, 2024, 10:42 pm

КАКО ЗМИИТЕ ГО ЧУВАА ГАВРИЛ ЛЕСНОВСКИ: Чудо или хипокризија, ама ова е вистина!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во август на празникот Успение на Пресвета Богородица, во една црква во Кефалонија во соседна Грција излегуваат голем број змии кои буквално се мазат и галат со луѓето.

Змиите се појавуваат на 15 август во црквата, а иако многумина тврдат дека се отровни, никогаш никого не каснале и повредиле на тој ден.

Според верувањето некои ги нарекуваат и свети змии, бидејки на главата имаат шара како крст.

„Змијата е проколнато животно уште од времето на Адам и Ева, колку може да има нешто што е света змија не знам, тоа може да е нивна хеленска паганија“ кажа за Инфомакс отец Драган Димишков и додава „а дека змиите биле сервис за да заштитат Свет Човек, за тоа знам од раскажувањата на Свети Гаврил Лесновски Епископ, имено кога беше тој во Света Гора, тој беше сам во една пештера, бидејки не го прифаќаа многу, многу другите монаси (од другите соседски нации) и кога доаѓаше полиција да го брка, бидејки го пријавуваа дека бил нелегално таму, тогаш се собраа сите змии што беа таму на Атос се собраа против полицијата да го одбранат Гаврил Лесновски. Е за тоа знам, бидејки тој лично ни држеше бденија во Света Петка, додека бев Богослов, дури 40 и нешто дена полицијата се борела со змиите за да стаса до Гаврил Лесновски“ изјави отец Драган Димишков за Инфомакс.

Сега останува на верниците сами до одлучат дали треба да веруваат во верата или во традицијата.

 

 

Подготвил:

Борискав Стоилковиќ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This