April 27, 2024, 12:26 am

Како Иванка Трамп и сопругот ја заработиле својата 1 милијарда долари и како ја трошат?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога станува збор за трошоците, ќерката на Доналд Трамп и нејзиниот сопруг плаќаат 15.000 долари месечно за закуп на вилата од 1923 година, која се простира на 650 квадратни метри. Луксузната куќа се наоѓа во населбата Калорама во северозападен Вашингтон, а станува збор за населба каде живее американската елита како Џеф Безос и поранешната претседателска двојка Обама.
Иако се вработени во администрацијата на Белата куќа без хонорар, Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Џеред Кушнер во текот на 2017 година заработиле 83 милиони долари, покажуваат официјалните податоци. Извештајот за оваа година сè уште не е објавен, но веќе се претпоставува дека таа цифра би можела да биде поголема, иако двојката Кушнер-Трамп веќе неколку месеци е во „сенка“.

Се поставува прашањето од каде потекнува тој „мал додаток“ во домашниот буџет, кој веќе според проценките изнесува 1,1 милијарда долари, и како воопшто заработува првата ќерка и нејзиниот сопруг?

Се проценува дека богатството на Иванка Трамп изнесува 300 милиони долари, додека нејзиниот сопруг поседува 800 милиони долари.

Иако Џеред Кушнер моментално е вработен како советник на таткото на својата сопруга и првиот човек на САД, Доналд Трамп, неговото богатство првенствено потекнува од високата позиција во семејната компанија „Кушнер компанис“, која се занимава со недвижности и која во текот на последните 10 години заработила дури седум милијарди долари, наведува „Бизнис инсајдер“.

Исто така, значаен извор на приходи на зетот на Трамп претставува и фирмата „Кадре“ за инвестирање во недвижности, која тој ја основал заедно со неговиот брат Џошуа. Компанијата кон крајот на 2017 година вредела најмалку 25 милиони долари. Интересен податок е дека Џеред од својот татко Чарлс Кушнер, за дипломирањето во 2006 година добил 10 милиони долари вреден подарок – магазинот „Њујорк обсервер“.

Иванка во јануари 2016 година, по инаугурацијата на својот татко како 45-тиот претседател на САД, ја напуштила позицијата во семејната компанија за да преземе функција во Белата куќа. Кога ја напуштила функцијата во „Трамп организејшн“, Иванка добила отпремнина од два милиони долари.

Таа во јули објавила дека ја затвора својата модна линија која ја држела во последните седум години, а како причина за тоа го навела фактот што сака да ѝ се посвети на работата во Вашингтон. Можеби уште една од причините поради која Иванка ја затворила својата модна линија е фактот дека неколку големи трговски ланци одбиле да ја продаваат нејзината облека поради многубројните жалби од купувачите.

Кога станува збор за трошоците, ќерката на Доналд Трамп и нејзиниот сопруг плаќаат 15.000 долари месечно за закуп на вилата од 1923 година, која се простира на 650 квадратни метри. Луксузната куќа се наоѓа во населбата Калорама во северозападен Вашингтон, а станува збор за населба каде живее американската елита како Џеф Безос и поранешната претседателска двојка Обама.

Пред да се преселат во Вашингтон, семејството живеело во апартман во зградата „Трамп авенју“ во луксузниот њујоршки кварт Апер Ист Сајд. Иванка во истата зграда поседува уште еден стан кој е проценет на 4,1 милиони долари, кој по преселувањето во Вашингтон го издавала за 13.000 долари месечно.

Двојката може да се пофали и со уметничка колекција која е вредна 25 милиони долари. Тие, исто така, плаќаат и 26.100 долари годишна школарина за елитното приватно училиште на својата најстара ќерка Арабела.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This