Како изгледа кога Ким ќе го погоди песна: Еве како се весели лидерот на Северна Кореја на музика

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Севернокорејскиот лидер, Ким Јонг Ун, присуствувал на концерт на групата Кеј-поп, музичари од Јужна Кореја кои се наоѓаат во Пјонгјанг поради учеството на новите прекугранични манифестации пред самитот на Северот и Југот.

Тој заедно со својата сопруга Ри Со Ју уживал во настапот, а според медиумските извештаи Ким се опуштил, па неколку пати аплаудирал и играл.

По двочасовниот концерт, лидерот на Северна Кореја и неговата сопруга се ракувале и фотографирале со поп-ѕвездите.

Концертот претставува историско придвижување во односите на Сеул и Пјонгјанг, со оглед на тоа што ова е прв пат во текот на една деценија јужнокорејски музичари да отпатуваат во Северна Кореја и тоа пред самитот на лидерите на двете земји планиран за крајот на април.

Младиот севернокорејски лидер “бил длабоко допрен да види како нашите луѓе искрено уживаат во перформансот и ја разбираат уметноста на јужната страна”, наведува севернокорејската новинска агенција “KCNA”.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This