April 19, 2024, 10:35 pm

КАКО ЛИЛЕ СТЕФАНОВА СТАНА МETA НА ОРЦЕ КАМЧЕВ: Кој нарачува иззeмaњe на Лиле Стефанова од предметот „Империја“?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зошто Орце Камчев цела година откако почнал рекетот, а десет месеци откако го дал исказот пред Вилма Русковска, дури сега го споменува името на обвинетлката Лиле Стефанова, инаку надлежен обвинител во случајот „Империја“?

 

По долго и мачно убедување, што е дополнување на исказ, а што промена на аргументи и факти од веќе даден исказ, бизнисменот Орце Камчев кој денес сведочеше во случајот „Рекет“ против Бојан Јовановски и Катица Јанева, во корелација ја доведе и обвинителката Лиле Стефанова која пак е надлежен обвинител во случајот против него „Империја“.

Но, зошто е тоа така?

Иако помина цела година од рекетирањето на Камчев, и речиси десет месеци откако пријавил кај Вилма Русковска, пред која имал повеќе од две можности да ја доведе во контекст и Стефанова како дел од „рекетарската шема“, бизнисменот, тоа одлучи да го направи дури денес. На рочиштето на кое тој сведочеше. Арно ама, корелацијата на Лиле Стефанова со „рекетот“ е, во најмала рака кажано – млатење празна слама.

Според Камчев, Лиле Стефанова наводно барала деловен простор од 200 квадратни метри за стоматолошка ординација, а ако тој тоа го обезбедел, тогаш Стефанова ќе обезбедела позитивно мислење за домашен притвор, односно, враќање на патна исправа. И тоа, според Камчев, било договарано преку бизнисменот Ванчо Чифлиганец, кој пак на Камчев му објаснил дека деловниот простор кој наводно го барала Стефанова требало да се наоѓа токму во зградата на „Адроа“ чиј сопственик е токму споменатиот Ванчо.

Ајде мајката, што би рекол Заев.

Камчев не запира тука, напротив, продолжува да посочува детали за наводен разговор во некој скриен стан на Чифлиганец каде тој со обвинителката „се напил виски прв пат по толку години“, и се договориле деловниот простор од 200 квадрати, Камчев за Стефанова да го обезбеди во зградата „Флатрон“. Пазете логика, Чифлиганец договарал дуќан со Стефанова во неговата зграда, за кој требало да плати Камчев кој пак би добил патна исправа. Кога не би било комично, би било трагично…

Од она пак што го знам јас, од мои извори во истрагата, точно е дека Чифлиганец имал средба со Лиле Стефанова.
Но таа средба била на барање на Чифлиганец, а се одржала во просториите на СЈО, поточно во канцеларијата на Лиле Стефанова. На таа средба, Чифлиганец се обидел да лобира кај Стефанова на локал-патриотска основа – бидејќи и двајцата се од Радовиш – уште во фаза на предистрага за случајот „Империја“. Ова се случило во моментите кога Камчев дознал дека е под истрага, па побарал услуга од сопственикот на „Адора“ Ванчо Чифлиганец. Состанокот завршил куртоазно, а другарот на Камчев заминал со „празни раце“, бидејќи обвинителката ги одбила барањата за услуги и прогледување низ прсти.

Дека немало средби во станови потврдува и самиот Ванчо Чифлиганец, кој во денешниот демант, објаснува:

„Би сакал одговорно да ѝ соопштам на јавноста, дека во животот и конкретно во случајот, ниту ми е барано, ниту сум нудел од мое име, или во друго име, било каква недвижност, или било каква материјална корист. Одговорно тврдам дека во врска со конкретниот случај, немало никаква средба, ниту во мојот, ниту во нечиј друг стан. Секогаш сум бил подготвен да им помагам на луѓето во согласност со законските прописи. Беспредметно е, дури и попатно спомнување на моето име“ – вели Чифлиганец во неговиот демант по денешното сведочење на Камчев.

Злобниците, но и оние кои ја познаваат материјата, слободно ќе констатираат дека овој обид на Орце Камчев не е ништо повеќе од обид да се фрли дамка на обвинителката која го води случајот „Империја“, за потоа неговата одбрана да бара изземање на Стефанова од случајот кој се води против него.

Или пак, можеби, Камчев одигрува нечија нечесна тактика со која треба да се дискредитира Лиле Стефанова, пред да бидат објавени циркуларните пораки кои им биле испраќани на обвинителите, а во врска со уставните измени кои доведоа до промена на уставото име?

Ова дотолку повеќе е точно, ако се знаат и исказите на инволвираните во случајот, а оние кои имале увид во доказите и материјалите знаат дека идејата за „подмачкување“ не е од двајцата обвинети во случајот „Рекет“. Тие биле само извршители, односно, заморчиња.

Оттука се отвараат уште неколку прашања, па така на пример прво кое ми паѓа на памет е прашањето:

– Зошто Орце Камчев не добил понуда да и плати на Лиле Стефанова пет, односно осум милиони евра, имајќи во предвид дека таа е надлежна за „Империја“? Или да го преформулирам прашањето, се обидел ли Камчев да и понуди пет, односно осум милиони евра на Стефанова за да се откаже од случајот, но кога одбила, побарал „помош од пријател“?

И на крајот, по пет часа сведочење, некој може да разбере како Камчев ја поврза Лиле Стефанова со Весна и Васко Димишкови, и ја инволвира во „Рекет“? Или само така си ја нафрли, колку да има основа да бара изземање?

Ќе да е ова второто, а?

Значи да се разбереме околу тактиката. Обидот е да се амнестира Зоран Заев од инволвираноста на начин што истрагата, односно предметот ќе се тера во ќорсокак. Во повеќе ќорсокаци, поточно. Ќе се кажуваат имиња на луѓе за кои инволвираните знаат дека немаат допирни точки со рекетот, сѐ со цел евентуална истрага да налета на ѕид. И така, секоја истрага кај Лиле ќе произведе анулирани резултати. Секој обид да се корелира Заев ќе испадне дека тој немал врска со рекет. Секоја трага дека можеби Шекеринска знаела нешто ќе биде релативизиран. И на крај ќе го „јадат“ само Катица и Боки.

 

А.Митовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This