КАКО НА ФИЛМСКО ПЛАТНО: Прочитајте како разузнавачките агенции во САД се обиделе да регрутираат Руски дипломат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред неколку години, агент на американското разузнавање се обидел да регрутира Руски дипломат во нивната организација, уценувајќи и обвинувајќи го со недозволена „трговија со дрога“, изјавила портпаролката на руското МНР во интервју за рускиот канал „Русија 1“

zaharova

Инцидентот се случил кога дипломатот купувал лекови за екс-шефот на Руската влада Евгениј Примаков.

Според Захарова, дипломатот имал за цел да купи скапи лекови кои чинеле преку 10.000 долари биле клучни за лекувањето на Примаков, откако ги добил средствата преку трансфер од Русија. Портпаролката на руското МНР потенцира дека сите легални процедури биле исполнети, вклучително и неопходните дијагнози и медицински перскрипции. Во моментот кога дипломатот влегувал во аптеката, му се приближил агентот кој го испратил до подрумот од продавницата каде што „зборуал со него“ цел час.
„Работите кои му ги кажале изгледаа како обид да го регрутираат, а не како адекватна дискусија“, вели Захарова.

Таа исто така додава дека разузнавачките офицери се обиделе да го уценат дипломатот со „нелегална трговија“ со дргоа и лекови.

Како резултат на обидот за регрутација, лековите биле конфискувани, а парите не биле вратени. Иако Захарова нотира дека Државниот секретар Џон Кери ја нарекол ситуацијата неприфатилва и ги нарпавил сите напори лековите да пристигнат во Русија, но било предоцна.

Евгениј Примаков кој беше шеф на Руската влада во 1998 година, почина во Јуни 2015 од рак на црниот дроб.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This