КАКО НОРА ШАЌИРИ СЕ ВРАБОТИ ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА: По пиењето кафе со партискиот шеф, Нора се скраси во министерство за култура

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нора Шаќири од неодамна се вработи во Министерството за култура на Роберт Алаѓозовски. Но, според кои законски критериуми таа е вработена во Министерството?

 

Нора Шаќири ова работно место го доби откако минатата година преку социјалните мрежи побара работа од тогашниот лидер на опозицијата, Зоран Заев.

Таа од Заев побара да ја вработи, откако поранешниот новинар Мухамед Зекири се вработи во СДСМ, а потоа стана и пратеник од таа партија.

На социјалните мрежи Нора Шаќири го прашуваше Заев зошто е таа помалку вредна од Мухамед Зекири?

Откако Шаќири го прозва, Заев и одговори оти тој не знаел дека таа има потреба од ангажман и работа, и ја повика на кафе кај него во партија.

-Зоки фала на поканата. Ќе пиеме кафе обавезно. Толку многу сум зборувала јавно така да не знам како не си слушнал, му напиша Нора Шаќири, на претседателот на СДСМ.

Останува прашањето, според кои законски критириуми Шаќири е вработена во ресорното министерство?

Ова не е единствен случај на вакво вработување во ова Министерство. Кон средината на август се вработи и Лидија Кировска, сопруга на директорот на телевизијата „Телма“, Атанас Кировски.

Вработувањето на Кировска во Министерството за култура беше еден од многуте претходни случаи на масовни вработувања, не по клуч на професионалност, туку по клуч на пријатества, непотозам и политички интерес.

Покрај директорски позиции, недолго по преземањето на власта, СДСМ под државна капа стави и други партиски членови, активисти на Сорос, како и лица кои се познати од „Шарената револуција“, кои причинија огромна материјална штета на објекти низ Скопје, како што се Зоран Бојаровски, Бојан Маричиќ, Дане Талески, Марјан Забрчанец, Петрит Сарачини, Никола Наумовски, Петар Арсовски, Ѓунер Исмаил, Бранимир Јовановиќ и многу други.

И за нив се поставува истото прашање, според кои критериуми тие ги добија работните места во државните институции?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This