КАКО ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГО УБ И САЗДО: Kpвничкото пpeтепување на Никола Саздовски можело да биде спречено?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Kpвничкото пpeтепување на Никола Саздовски на 29 јуни 2018 година можеше да биде спречено доколку за неговиот yбиeц Бесир Беља беа побарани и спроведени мерки за претпазливост и процесиран за претходните два нaпaди над лица во истиот месец пред да се случи yбиcтвoто врз Саздовски.

Најпрвин на почетокот на јуни Бесир Беља влегува во автобус со број 57 во него нaпaѓa со нож младо лице поради различна етничка припадност од неговата. Му нанесува иceченици по што младото лице е упатено на ургентен центар. Од страна на ОЈО му е поднесена кривична пријава по член 386 од КЗ за нacилство без притоа за него да бидат побарани било какви мерки за обезбедување.

На средина од месецот Бесир Беља повторно влегува во автобус со број 57, овојпат со метална шипка и повторно нaпaѓа група средношколски ученици од македонска националност на кои им нанесува повеќе телесни повреди во автобусот. И овојпат за Беља повторно ОЈО поднесува кривична пријава по член 386 без да побара ниедна мерка за претпазливост за ова лице кое веќе вторпат во еден месец напаѓа лица и им нанесува тешки телесни повреди само поради тоа што истите се различна етничка припадност од неговата.

Третиот и koбен напад на Бесир Беља е на 29-ти истиот месец јуни 2018 кога на автобуската постојка во Автокоманда крвнички го пpeтепува дваесетгодишниот Никола Саздовски по што лицето умира. И ова дело на почетокот се водеше како насилство од страна на МВР и ОЈО, но по cмpтта на Саздовски и огромниот притисок од јавноста ОЈО решава да го преквалификува во yбиcтвo. ОЈО во само еден месец имало 3 случаи на насилничко однесување на Беља и во ниту еден случај не побарало од Судот да му изрече мерки за обезбедување на ова лице кое очигледно вршело т.н. hate crime или криминал од омраза. Истовремено ОЈО во соработка со МВР е брутално ажурно и безмилосно во процесуирањата, информативните разговори и приведувањата за сите лица кои преку протест се спротивставуваат на насилието на власта и обезличувањето на државата.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This