КАКО ПОНАТАМУ: На почеток на нова политичка криза – Џафери пред Уставен суд!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Објавувањето на одлука за избор на претседател на Собранието во денешниот „Службен весник“ не значи и дека автоматски на Заев ќе му биде доделен мандат за владата, но значи дека Уставниот суд дури сега по службена должност ќе може да ја оценува уставноста на изборот на Џафери. Заев може да смета на мандат само ако се откаже од Тирансакта платформа

sobranie_sputnik

Одлуката за избор на Талат Џафери за претседател на Македонското Собрание денес е објавена во „Службен весник“, но тоа автоматски не значи дека во наредните десет дена, како што инаку е пропишано, претседателот на Македонија ќе треба да понуди мандат за состав на владата на лдерот на СДСМ Зоран Заев, кој успеа да обезбедни парламентарно мнозинство. Тоа што мнозинството го обезбеди на крилјата на „тиранската платформа“ која ја договорија лидерите на албанските партии со шефот во Тирана по одржувањето на изборите, која Заев ја прифати и покрај критиките дека со тоа го направи првиот чекор кон неуставна федерализација на Македонија, е аргумент плус да не му се додели мандатот во рок од десет дена. Тоа, но и сите кршења на законите и собранискиот деловник при нелегалниот избор на Џафери за претседател на Собраниет, на претседателот Иванов му даваат дискреционо право да не му го даде мандатот на Заев, вели за Спутник аналитичарот од Центарот за истражување и анализа во Скопје, Александар Митовски.

„Ѓорѓе Иванов има дискрецоно право да одлучи дали на некого ќе го даде мандатот или не. Точно е дека согласно Уставот Иванов има обврска да го даде мандатот на парламентарното мнознство, но како што и претходно кажа, постојат правни и политички причини поради кои тој не може да го даде мандатот“, истакнува аналитичарот од Македонија за Спутник.

Тој потсетува дека Џафери е избран не само мимо деловнчките и законски процедури, туку и со помалку гласови отколку што е потребно. За да биде избран, треба да добие глас од 61 пратеник, а според ите снимки од гласањето кои можеше да ги види македонската јавност, за изборот на Џафери гласаа, како што напоменува Митовски, највеќе 58.

Тоа што „Службениот весник“ денес објави дека Џафери е претседател на Собранието, просто претставува негова законска обврска бидејќи доби документ со архивски број и печат од генералниот секретар на Собранието. Друга работа, вели МИтовски, е што на сите ни е познато како Џафери дојде до печатот.

На прашањето како оваа ситуација понатаму ќе се развива и дали е постои можност, како што се најавува, Собранието да формира влада доколку Иванов не би го дал мандатот на Заев, Митовски вели дека тоа би била антиуставна власт.

„Уставот тоа не го познава. Уставот вели дека мандат за составување на влада дава претседателот на мандатарот. Дури тогаш Собранието може да одлучува за составот на владата“, истакнува Митовски за Спутник.

На прашањето дали Уставниот суд по службена должност може да покрене оецнка на уставноста и законитоста на такви постапи, тој напоменув дека Уставниот суд има и должност да покрене таква иницијатива за преиспитување на уставноста и законитостана изборот на Џафери за претседател на Собранието баш поради тоа што одлуката е објавен во „Службен Весник“ а со тоа истата добива и правна сила.

„Денес, од моментот кога Службен весник ја објави одлуката дека Џафери е претседател на Парламентот, тоа е правна одлука и Уставниот суд може да ја оценува уставноста на таа одлука. Исто би било и во случај на тој начин да се обидат да направат влада“, вели Митовски.

Тој смеа дека се неосновани стравувањата дека утрешното евентуално воведување на стечајна постапка над фирмата која го печати „Службен весник“ ќе оневозможи негово понатамошно печатење, односно неможност за објавување на нови одлуки.

„Не постои можност Службен весник да не биде отпечатен. Во случај на воведување на стечајна постапка над куќата која го печати или било кој проблем со печатниата државата е должна да најде решение и да го отпечати гласилото. Ниту една одлука, закон, акти кој се донесува во државата не може да биде правосилен ако не се отпечати во Службен весник. Затоа тој е витален за функционирањ на државата и не постои можност да не се отпечати“, истакнува Митовски за Спутник.

Мира Канкараш Тркља
Спутник

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This