КАКО РАБОТАТ И ЗАРАБОТУВААТ МАРКЕТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА: „КАМ“ со најголем приход, „ВЕРО“ со најголема заработака

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„КАМ“ доминира и лани со приход од 130,6 милиони евра и втора година по ред е најголем ланец маркети. „Тинекс“ држи на второ место, „Веро“ прави најголем профит, а во острата конкуренција на „Жито Маркети“ и „Стокомак“ „Кит Го“ има најголем раст на продажбите. Така стојат работите во индустријата што вработува околу 5.800 лица, а има просечна стапка на профит што е 3 отсто од приходите.

„Седумтемина величествени“ најголемите ланци малопродажни маркети за стоки од широка потрошувачка лани заедно оствариле приход што надмина половина милијарда евра, покажуваат официјалните податоци од финансиските извештаи на „КАМ“, „Кит Го“, „Тинекс“, „Веро“, „Рамстор“, „Стокомак“ и „Жито Маркети“.

Овие гиганти, кои вработуваат околу 5.800 лица лани работеле со просечна профитна маргина од 3 отсто. Во споредба со 2017 година приходите од продажба на овие гиганти пораснале за 40 милиони евра. А бројот на вработени растел кај сите маркети и тие заедно лани имаат 500 вработени повеќе во споредба со 2017 година. Карактеристично е тоа што кај сите „харддисконти“ (КАМ, Тинекс, Кит Го, Стокомак) паѓа профитот освен кај „Жито Маркети“ кој усеал да ја зголеми добивката во однос на 2017 година. Убедливо најуспешен во седморката е „Веро“ со профит од 9,2 милиони евра.

Целата анализа може да ја прочитате на Фактор.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This