March 28, 2024, 10:23 am

КАКО СДСМ ЈА КОДОШИ МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТОТ: Серија писма од СДСМ до Европските институции во кои се лаже и кодоши Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во комплетно лажирано писмо, претседателката на комисијата за надворешни работи на СДСМ Калинка Габер, а по налог на нејзиниот претпоставен, аболицираниот криминалец Зоран Заев, вчера испратила писмо до институциите на ЕУ во кое лаже дека во вчерашниот инцидент кој го предизвикаа Катица Јанева и Фатиме Фетаи, за што заработија казна од по 2.000 евра, било поради „притисок“ на владачката партија

kalinka_gaber

 

Држењето на „часови по глума“, навредите кон судот, арогантното и хистерично врескање беше причината поради која Фетаи и Јанева вчера заработија казна од по 2.000 евра, за која како што порача обвинителката од Врапчиште „воопшто не ми е гајле, ќе плати народот“, мислејќи на огромниот буџет на СЈО од 4 милиони евра за кои сеуште немаат дадено отчет како се троши, и покрај големиот број на скандали со непотизам и непотребните скапи ручеци во ексклузивни локации низ Македонија но и надвор.

Сепак, казната која ја заработија по сопствена вина, за СДСМ беше доволен повод повторно да презентира погрешна слика за Македонија во Европските институции, па претседателката на комисијата за надворешни работи Калинка Габер, вчера безочно лажела дека казната за Јанева и Фатиме била поради „притисок од владеачката партија“, потенцирајќи дека се работиело за „судија кој бил поддржувач на ВМРО-ДПМНЕ“.

Не само тоа, Габер продолжила со лагите па редовната ревизија за работата на судиите според системот на кариера, го претставила како „награди за послушните судии и казни за непослушните“.  Не само што е тоа лага, туку е и апсолутна навреда за судот во кој токму нејзиниот претседател одбива да се појави на рочишта по неколку кривични предмети.

pismo_Gaber

Габер сепак заборавила да додаде дека во текот на кампањата, а и неодамна, СДСМ се закани со „генерален реизбор на судии“, на тој начин ставајќи им до знаење на судиите дека ќе се делат на „подобни и неподобни“ доколку СДСМ дојде на власт.

На ваквата закана за генерален резибор, не реагираше ниту една меѓународна организација, а последниот пат кога нешто такво се случи, спротивно на сите меѓународни стандарди и норми, СДСМ во еден ден постави стотици судии, послушници на тогашната владеачка партија.

Калинка Габер инаку е дел од соросоидната булумента и истакнат член на невладината „Цивил“

Освен ова Габер пред извесен период предизвика скадал во основното училиште, барајќи нејзиното дете да биде префрлено во паралелката каде што учи ќерката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, со цел да добива информации кои потоа би биле извртени или злоупотребени во политичка кампања.

 

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This