КАКО СЕ СТАНУВА СОВЕТНИК НА ЗАЕВ: Мистериозен советник за ЕУ, новинар и водител на списокот советници на Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во третото продолжение од сторијата „Советничка афера“ ИРЛ објави нови три имиња кои му се надворешни советници на премиерот Зоран Заев. Мистериозен советник за ЕУ, водител и текстописец на народни песни и новинар.

Поетот, текстописецот и водителот Ѓорѓи Калајџиев е првиот надворешен советник кој го поставил премиерот Зоран Заев. Договорот е склучен еден ден по формирањето на Владата, на 1 јуни 2017 година. 56-годишниот струмичанец му е советник за медиуми на премиерот, а за својот ангажман добива по 40.000 денари месечно.

Љупчо Зафировски e соработник за „Олеснување на процесот на пристапување на РМ кон ЕУ, помагање во остварување на стратешките приоритети и определби на Владата во однос на евроатлантските интеграции“. Ова е единствената информација која ја добиле од Владата за овој советник на Заев со месечен хонорар од 1.200 евра.

Советникот кој е еден од подобро платените не можевме да гo најдете на ниту една социјална мрежа, ниту пак неговото име се појавува на пребарувачот Гугл. Баравме некој труд, анализа или изјава поврзана со Европската Унија, но такво нешто не постои – пишува ИРЛ.

Го пронашле во кафуле во Скопје, но не сакал да зборува. Побарал прашања на меил на кои не одговорил.

На платниот список на Заев е и новинарот од ТВ 24 Љубиша Станковиќ. Тој е соработник за „Комуникација и односи со јавноста во процесот на реформа на пpaвосудниот систем и учество во советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформа на пpaвосудниот систем (2017-2022)“.

Станковиќ е ангажиран како ПР на Советот за реформи на пpaвосудството од април минатата година. Тој добива месечен хонорар од 30.000 денари. Станковиќ беше еден од жecтоките kpитичари на претходната власт, активист и учесник во „Шарената peволуција“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This