КАКО СЕ УНИШТУВА ЕДНА ДРЖАВА: Воведувате двојазичност, големи фондации ги финасираат овие сценарија, критиката на овие планови ја правете табу тема…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како се уништува држава – Марк Левин Шоу… Секоја сличност со Македонија е случајна.

Поранешниот гувернер и либерал демократ Ричард Лем од Колорадо зборува за својот план како да ја униште Америка. Тој вели:

– Сакам да ви го покажам мојот план за уништување на Америка. Доколку мислите како што мислат некои дека Америка е премногу паметна, богата и себедоволна, не е доволно различна или премногу бела, јас го имам овој план. Еден автор има кажано дека сите големи нации се појавувале и пропаѓале и уште вели дека според „историската аутопсија“ сите големи нации извршуваат самоубиство. И еве го мојот план во 8 точки.

1. Воведување на двојазична и двокултурна држава. Историјата покажува дека ниту една двојазична и двокултурна држава нема внатрешен мир. Колку што знам не постои ниедна таква без огромно количество на тензии, конфликти, па и граѓанска војна.

2. Измислување и воведување на мултикултурализам и ова го делам на два дела. Прво поаѓаме со идејата дека сите култури се еднакви и дка меѓу нив нема никаква разлика. Како и да биде невозможно да се зборува спротивното во врска со културите. И второ, за кое би се потрудил многу, е луѓето да продолжат со својот културен иднтитет. Садот за претопупување би го заменил со сад за салата .

3. Заедницата со најголем наталитет во таа држава треба да биде најмалку образована. И би додал уште една поткласа од неедуцирани, неинтегрирани и антагонистички настроени од кои 50 отсто не би завршиле никакво образование или да не завршат барем средно образование

4. Формирање на големи фондации од големите бизниси кои ќе ги финансираат овие напори. Многу пари би инвестирал во етничките идентитети и во виктимологијата. Ќе ги натерам да мислат дека за нивниот неуспех е виновно единствено мнозинството. Би отворил една цела индустрија на обвинувања.

5. Воведување на двојно државјанство. Во овој случај тоа би значело „поделена лојалност“.

6. Ова е многу важно – сите овие теми би биле забранети за дискусија. Од нив ќе направам табу-теми, односно би забранил било какви критики. Оние кои ќе се осмелат да зборуваат би биле третирани како еретиците пред 200 години. Денес би биле наречени расисти и би биле обвинети сите вакви луѓе кои би приговориле на моите идеи.

Остататокот од планот, кој некако, случајно или не, ја отсликува македонската ситуација, погледнете го во видеото.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This