КАКО СРЕЌНИТЕ ЛУЃЕ ГИ ТРОШАТ ПАРИТЕ: Трошоците на среќните и несреќните луѓе се разликуваат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Знаеме дека има разлика во трошењето на богатиот и просечниот човек, но дали знаевте дека трошоците на среќните и нecрeќнитe луѓе се разликуваат.

– Трошат на искуства.
Кога се работи за трошењето на големи пари, постои еден смешен феномен попознат како хедонистичка ветерница.

Тоа значи дека со текот на времето се навикнуваме на некои работи, а она што пред извесно време нè усреќувало, сега веќе не.

Купувате голема куќа и пресреќни сте, но по извесни години веќе куќата не ви се чини така голема.

Меѓутоа, со искуствата не е истиот случај. Искуствата не се споредливи.

Искуствата секогаш се поразлични од претходните. Денешното излегување во кафуле со пријателите ќе се разликува од излегувањето следната недела. Затоа, трошењето на пари на искуство ве прави посреќни.

– Трошат на работи кои им заштедуваат време.
Секогаш можеме да заработиме повеќе пари. Но, не можеме да заработиме време. Што значи, доколку парите ги инвестираме како би заштедиле време – тоа секогаш е паметна инвестиција.

– Трошат филантропски.
Луѓето се социјални суштества. Врските со другите луѓе нè прават среќни.

Па, ако платите кафе на пријателот, тоа е супер начин да ги искористите парите. Зошто? Посветувате време и внимание, а голема е веројатноста дека ќе го добиете истото за возврат.

Што значи, од својата инвестиција добивате две одлични, квалитетни кафиња.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This