КАКО ФУНКЦИОНИРА „ОМЕРТА СЕКЈУРИТИ“: Катерина Гетева и Алфа ТВ со спектакуларно истражување за контроверзната „Омерта Секјурити“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со доаѓањето на СДСМ на власт почнува да се враќа и рекетот и криминалот на улиците низ Скопје, според потдатоците објавени во повеќе медиуми вршен од агенција за обезбедување која се претставува дека е заштитена од власта.  Новата агенција за обезбедување „Омерта секјурити“ која наеднаш се појави и забрзано го превзема бизнисот со обезбедување во Скопје наводно работи без добиена дозвола за работа од МВР,  а веќе обезбедувала поголеми настани, но и објекти.

Агенцијата за обезбедување „Омерта секјурити“ регистрирана во скопска Гази Баба, фирма во сопственост на Александар Темелковски, каде управител е Александра Лазиќ, како што информираше Алфа во емисијата „Несомнено“ е фирма која од сенка е  управувана од Раде Трајковски – Штекли. Имено во период од неколку месеци без поседување на дозвола за работа од МВР „Омерта“ обезбедува неколку објекти и настани, без поседување на дозвола за обезедување.

Имено, според Законот за приватно обезбедување една агенција за обезбедување за да почне да работи потребно е да биде заведена во Централен регистар и да има дозвола за работа од МВР, откако ќе се здобие со дозвола агенцијата во рок од 6 месеци треба да почне со работа.

– Кога „Омерта“ се придружила на големото семејство на фирми што се занимаваат со приватно обезбедување прашавме во Комората, од каде ни одговорија дека во Комората на Република Македонија за приватно обезбедување не постојат никакви податоци за наведеното правно лице „Омерта“, истиот одговор го добивме и од МВР, се заклучува во емисијата „Несомнено“.

Гетева од „Несомнено“ вели дека   „Омерта“ за првпат се појавила за неполни два месеци од регистрирањето во Централниот регистар и тоа на обезбедување на големиот фудбалски спектакал помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед во Скопје.  Имено „Омерта секјурити“ е основана 20 дена по превземањето на власта од страна на СДСМ, истата на фејсбук ги објавува и објектите кои ги обезбедува главно сендвичари, кафулиња, менувачници, но исто така и студентскиот дом „Гоце Делчев“.

За „Омерта секјурите“ јавноста првпат чита во колумната на колумнистот Сашо Ордановски, кој во својата колумна посочува дека оваа агенција која ја нарече рекетарска банда врши рекет, уцени и изнуди низ Скопје, се со цел да се наметнат на пазарот за обезбедување, свесно заканувајќи се дека наводно ги штити новата власт.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This