КАКО ШТО ПРЕДУПРЕДИ РУСКОТО МИНИСТЕРСТВО: „Белите шлемови“ го обвинуваат Дамаск за хемиски напад врз сопствените цивили

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Озогласената НВО која постојано е мета на обвинувања поради фалсификување на информации за нејзината активности и во суштина работи како пропагадна станица за анти-владините милитанти во Сирија, сега тврди дека Дамаск употребува хемиски оружја во Источна Гута.

Озогласената НВО „Бели Шлемови“ тврди дека Сириската влада користела хлор во градот Ал-Шифонја во Источна Гута, усмртувајќи едно дете и предизвикувајќи „широко распорстрането задушување“ помеѓу локалните жители, пренесува агенцијата Анадолу.

Белите Шлемови е група која се претставува себеси како НВО која има за цел да им помогне на цивилите во Сирија кои страдаат од судирите и конфликтите во земјата, а претходно беше обвинета за фалсификување на информации за нивната работа во Сирија како и за наместени „спасувачки напори“ во нивните пропагандни видеа.

Претходно, Руското министерство за одбрана предупреди дека милитанти групи во Источна Гута се подготвувале да лансираат хемиски напад против цивили, а за истиот да ги обвинат владините сили во Сирија.

„Доказите покажуваат дека лидерите на илегалните вооружени формации во Источна Гута се подготвуваат на провокација со употреба на отровни агенси со цел да се обвини владата за употреба на хемиско оружје против цивили“, стои во соопштението на министерството.

Арапскиот телевизиски канал ал-Манар, исто така информираше дека Белите Шлемови дистрибуирале заштитни маски во Источна Гута како подготовка на сценариото за да се обвини за уште еден хемиски напад Сириската влада, додека претставник на Сирискиот Руски центар за помирување вели дека тие добил инфомрации од жител на Идлиб дека милитантите на ИСИС делат гас маски но и преку 20 шишиња хлор.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This