April 19, 2024, 11:17 pm

КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА ЕУ ЗА 10 ГОДИНИ: Унијата ќе исчезне – можни се и крвави војни!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали Германците се спремни да се жртвуваат за доброто на обединета Европа? Одговорот пристигна во рамки на решавањето на грчката криза и гласи – повеќе не!

Тоа во авторски текст го напиша руско-американскиот научник и аналитичар Петар Турчин, кој ги изнесе и своите предвидувања за развојот на случувањата во Европа.

Според првото сценарио, големиот проект за европска интаграција потполно ќе се опорави до 2027. година и нема повеќе да има премногу евроскептични гласови.

„Ова е малку веројатно….Пред се поради промената во однесувањето на Германците, а потоа и поради фактот дека Европската унија наидува на се поголема сегментација“, наведува Турчин.

Другото сценарио предвидува дека ЕУ ќе продолжи да се „провлекува“.

„Нема да има ниту позитивни ниту негативни трендови, 2027 година ќе бидеме таму каде што сме и сега, што е многу пореалистично од првиот случај. Сепак, состојбата на еквилибриум е динамичен процес, а јас не гледам дали постои сила која ќе успее да ги реинтегрира силите кои веќе тргнале по тој пат. Историјата не мирува, работите не се менуваат или не стануваат полоши. Би сакал се да тргне на позитивно,но постојат многу причина за поразично мислење“, истакнува Турчин.

Третото сценарио предивдува уште поголема фрагментација на Европската унија, и нејзино исчезнување.

„Предводени од Унгарија и Полска, и други мали и средни држави-членки ќе се обидат да се вратат на своите национални политики, без премногу да обрнуваат внимание на Брисел. Дефрагментацијата ќе биде завршена без војна. Можеби не за десет години, но ЕУ би можела да изгледа како Светото римско царство. По мое мислење, тоа е најверојатно да се случи“, додава Турчин.

Дека мир во Европската унија нема да има предвидува четвртото сценарио.

„Мислам и се надевам дека до тоа нема да дојде. Сепак, постојат малкумина од оние кои се сеќаваат на трагедијата од Втората светска војна. Владата на Маријан Рахој на пример, не предвидува колку е опасна репресијата која се спроведува во Каталонија. Би можело да дојде до крвава граѓанска војна. За жал, ништо не ги спречува конфлитите, а ние избегнавме големи војни како од 1945. година затоа што се влезе во процес на интеграција. Кога тоа ќе престани, разни ужаси би можеле да станат реалност“, предупредува Турчин.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This