КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА СОБРАНИЕТО ВО ИДНИНА: Талат Џафери ќе ги води седниците на албански јазик, униформите и граничните премини ќе бидат двојазични

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Емисијата 360 степени на телевизија Алсат направи детална анализа какви измени ќе донесе новиот закон за јазиците кој беше основа за владината коалиција.

Законските измени ќе му дозволат на Талат Џафери собраниските седници да ги води на албански јазик, a унапредување на албанскиот јазик ќе има и на седниците на владата каде министрите досега немале право да говорат албански, но сега ќе ја добијат можноста да го користат албанскиот јазик во севкупното функционирање на владата, како усно така и писмено.

Албанскиот јазик станува службен и во сите органи на државната власт, централните институции, јавните претпријатија, агенции, дирекции и други правни лица. Како за пример се напоменати УЈП и Фондот за здравствено осигурување.

Интересно е тоа што на пример градовите Велес и Прилеп иако не се двојазични, но граничат со двојазични општини и поради оваа причина сите подрачни канцеларии на централните институции во овие општини ќе станат двојазични.

Граничните премини и аеродромите исто така ќе подлежат под овој закон и ќе добијат двојазични табли. На пример аеродромот Александар Велики ќе добие свој превод  Aleksandri  I Madh, а полицијата, пожарникарските единици и здравствените работници ќе добијат двојазични униформи.

Спроведувањето на законот ќе го следи Инспекторат за употреба на јазиците кој ќе ги казнува институциите кои нема да се придржуваат до законот ќе бидат казнети од 4 до 5 илјади евра како и 30 проценти од сумата за надлежното службено лице.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This