April 25, 2024, 11:33 am

Калабриската мафија на купче во обвинителна клупа – Обвинети 355 членови на Ндрагета

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес почнува најголемото судење на мафијата во последните три децении. Вкупно 900 сведоци ќе сведочат против 355 луѓе, вклучувајќи политичари и функционери обвинети дека се членови на моќната Ндрангета.

Поради ограничувањата поврзани со коронавирусот многу обвинети на првите рочишта ќе присуствуваат преку видеоврска од затвор. Тие во судницата ќе носат маски и ќе ја почитуваат дистанцата седејќи најмалку два метри еден од друг.

Речиси сите обвинети се уапсени во декември 2019 година по долготрајна истрага која почнала во 2016 година и опфатила најмалку 11 италијански региони. Околу 2.500 полицајци учествувале во акции насочени против осомничените во Вибо Валентија во Калабрија, срцето на областа која главно ја контролирал кланот Макузо од Ндрангета.

Поранешен сенатор, шеф на полиција, локални пратеници и бизнисмени обвинети за помагање на мафијата се уапсени во Германија, Швајцарија и Бугарија. Никола Гратери, обвинителот кој ја водел истрагата, кажа во времето на рациите дека тоа била најголемата операција против криминалните групи од судењето во Палермо од 1986 до 1992, кога сицилијанските обвинители ставија 475 луѓе на обвинителната клупа. За претстојното судење тимот на Гратери собрал 24.000 прислушувани разговори за да ги поддржи обвиненијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This