„КАЛАШЊИКОВ“ РАБОТИ ПОД ПОЛНА ПАРЕА: Најголемиот произведувач на оружје претстави нови пушки и вооружени комплекси!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бројот на нарачките толку расте што концернот „Калашњиков“ ќе прејде на работа во три смени и ќе го зголеми бројот на вработени за 30%. Во последните неколку години оружарскиот концерн кој влегува во корпорацијата „Ростех“, преживува длабоки структурни реформи, кои и тоа како носат бројни позитивни резултати

vsv-338

На патот од Москва кон уралските градови Перм и Екатеринбург, а позади Казањ, се наоѓа Ижевск-претстолнина на руската Удмуртска Република. Во Ижевск, локалниот административен, трговски и индустриски центар, постојат неколку големи претрпијатија, а најголем е електромеханичкиот завод „Купол“, произведувач на зенитно-ракетни комплекси „Тор“ со различни модификации. Другото важно претпријатие е концернот „Калашњиков“ кој реализира голем број на значајни проекти за Министерството за одбрана на Русија.

„Калашњиков“ на крајот на 2016 година поднесе извештај од кој се гледа дека во текот на последната година вкупниот износ на извозни нарачки пораснал за 200 милиони долари. Најголемиот дел од побарувачката е за спортско, ловечко и стрелачко оружје, како и муниција. Концернот „Калашњиков“ не крие дека добрите резултати се постигнати благодарение на активниот маркетин и добро осмислената извозна стратегија.

За последните неколку години, новото достигнување на ижевските инженери е меѓу останатото, компактниот, мал автомат МА калибар 5.45х39 предвиден за блиска борба, но и пиштолот ПЛ-14 наменет за специјалните единици.

Како дел од воената опрема за иднината, популарниот „Ратник“, концернот изработи два автомати, АК-12 и АК-15, како и пушката РПК-16.

Освен стрелачкото оружје, „Калашњиков“ развива и роботизирани комплекси, како „Соратник“, кој ќе се бави со разузнувачки активности. Новиот роботизиран комплекс ќе може да пружи огнена поддршка на копнените сили, отварајќи оган од различно оружје. Во декември 2016 година, на полигнот Алабино во близина на Москва, прв пат е тестиран овој роботизиран комплекс.

Во септември 2016 година, претставена е и експерименталнат снајперска пушка СВК и ВСВ-338. Руската војска денес ја користи снајперската пушка „Драгунов“ СВД, која се произведува уште од 60-те години од 20. век. Руските специјални сили користат поусовршени западни модели.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This