March 29, 2024, 10:51 am

Калајџиев: Законот за јавно обBнителcтво е полн со будaлаштини, вакви еkскуpзии се непpимеpHи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ние немаме точна анализа колку СЈО било успешно. Јас би го оценил проектот како повеќе неупсешен отколу успешен. Лошо се организираше системот, не се организираа предметите, рече универзитетскиот професор Гордан Калајџиев на гостувањето на телевизија Алфа.

Тој прашува „зошто СЈО влезе во авантура да отвора нова предмети, дали сакаше пак да се факторизира, да го оправда големиот број на вработени“.

– СЈО немаше потреба да го зема Монструм, да го отвора предметот Империја тоа се процеси кои и се загрозија зошто ги ставија во законскиот рок што е проблематичен за СЈО, а отворање во незаконски рок ги прави и предметите незаконски, рече Калајџиев.

Според него проблемот на оваа власт е што извршаната власт удира шамар на судската власт.

-И сега се сака со предлог законот за јавно обвинителство да се плукне на мислењето на Врховниот суд што е непримерно. Се сака да се озаконат наназад проблематичните трансфери на предметите на СЈО кои и ден денес тврдам дека не се законски, оние од СЈО во редовното обвинителство. И сега законот има еден куп на непотребни работи меѓу кои и дека овие постапки ќе продолажат. Што му е работа на овој закон кои постапки ќе продлжат и уште вели ќе продлажат по овој закон?! Што значи дека дека нема да се водат по Законот за кривилна постапка кој е за тоа?! Доказите ќе имаат друг режим, тоа се будалаштини невидени. Вакви екскурзии се непримерени, посочува Калајџиев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This