March 29, 2024, 12:42 pm

КАЛАЈЏИЕВ: Кој и го напишал текстот на Јанева, за таа ујдypма мора да има одоговорност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорот Гордан Калајџиев во неговото гостување во Топ Тема на Телма телевизија изјави дека треба да се испита кој има пристап до Катица Јанева во притвop и кој и го дал однапред напишаниот текст на компјутер од нејзиното писмо, бидејќи за таква ујдypма мора да се сноси одговорнocт.

Кој има пристап до Катица Јанева во притвор? Треба републичкото обвинитeлcтво да одговара за оваа ујдурма. Како Катица му дала такво соопштение, бидејќи од СЈО кажуваат дека тоа е пола напишано на рака, пола е текст подготвен однапред и е даден напишан на компјутер, а таа нема компјутер. Кој го дал тој напишан текст? , вели Калајџиев

Тој потенцираше дека треба да се формира парламентарна комисија да утврди вистината во примопредавањето и во одлуката таа да го предаде случајот, кој го предал и од каде е дојдено.

Таму треба да има точно регистрирано кој влегол кој излегол, ако не треба да објасни Есад Рахиќ. Во нормална држава се се снима, кој влегол кај нив и кој бил во ходникот, изјави Калајџиев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This