April 20, 2024, 11:35 am

Калајџиев: Сyдот е под притиcok, Македонија нема зaштитен механизам кој би гарантирал фер и правична пpecуда

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Целиот случај со набавката на опрема за потребите на УБК е базиран на претпоставки во чие докажување Јавниот обвинител не отишол подалеку од таму каде што бил на почетокот, изјави професорот на Правниот факултет Гордан Калајџиев во емисијата Топ Тема.

Според него најспорен е моментот во кој се претпоставува одредена материјална штета, без да се понуди економско вештачење. Притоа се оспорува идејата за набавка преку фирмата застапник, наместо набавка директно од производителот.

– Сите докази се на база на претпоставки. ЈО нема отидено подалеку во однос на првичните претпоставки. Викаат имало дистрибутер. Па нормално е да има дистрибутер. Вие сега и лекови набавувате преку дистрибутери. Која е гаранцијата дека би била поефтина цената ако се одело директно со проиводителот, кога и така не е наведена цената – рече професорот Калајџиев во неговото вчерашно гостување во „Топ тема” на телевизија Телма.

Професорот вели дека нема логика да се тврди дека е предизвикана некаква материјална штета, а да не може да се наведе кој имал противправна имотна корист и колкава била таа. Апсурдно е за Калајџиев да се претпоставува дека Мијалков или кој било друг функционер би сакал да направи штета на инситуцијата која што ја води без да има некаква корист. Тоа би значело дека самиот си става крај на политичката кариера.

Ваквиот начин на конструирање на предметите, Калајџиев го толкува како обид на обвинителството да протне некаква формулација, за да обезбеди полесен пристап до осудителна пресуда без утврдени дејствија на извршување.

– Има многу претпоставки кои не се докажани, а се темелат на некакво влијание на Мијалков и на Груевски. Самото обвинителство тргнува од претпоставка дека тие не вршеле набавки. Претпоставката е дека влијаеле врз оние кои набавувале, а тие се повикуваат како сведоци. Се креира слика дека обвинетите се лошите кои имале моќ да влијаат. Ниедно дејствие не покажува како е вршено влијанието. Дури и да имало влијание, тоа е друго дело. Имавме расправа за 353 е од секундарен карактер и тоа е општо дело. Ако имате незаконско влијание, тоа е друго дело 359 и со многу пониска казна – смета Калајџиев.

Калајџиев вели дека не би сакал да биде на местото на обвинетите, бидејќи во моментов судот е под притисок, особено во предметите за кои постои поголем интерес во јавноста. Јавноста е навивачки ориентирана, а за разлика од САД, кај нас не постои заштитен механизам кој би гарантирал фер и правична пресуда.

Калајџиев во „Топ тема” предупреди дека одбраната не смее само да биде украс во предметите и мора да постојат гаранции за еднаквост на обвинителството и одбраната.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This