Календарот на Путин стана хит во Јапонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Календарот со фотографии на рускиот претседател Владимир Путин во Јапонија ги престигна со продажба календарите на кои се ликовите на домашни ѕвезди, пишува „Гардијан“.

Синџирот продавници „Лофт“, со ексклузивно право на продажба на календарите за 2019 година со Путин, вели дека се продаваат подобро од оние со познатиот јапонски актер Кеи Танака и Јузуро Ханју, олимпискиот шампион во лизгање.

Ова не е првпат календарите со Путин додека вежба во салата, игра хокеј или вози велосипед, да бидат толку барани од јапонските потрошувачи.

【大人気】プーチンカレンダーがロフトで売上げ1位!羽生結弦や田中圭を抑えhttps://t.co/BmWLqdObSc

「著名人カレンダー」で全店舗合計1位に。購入層は若い女性といい、犬を溺愛する姿などのギャップが人気だそう。 pic.twitter.com/z19Xj6T2eJ

— ライブドアニュース (@livedoornews) December 12, 2018

Календарот за 2017 година имаше фотографии со Путин додека си игра со своите кучиња во снегот, а во 2016 година имаше фотографија од мускулестиот руски претседател додека лови риба и тренира џудо.
Според медиумите во Јапонија, голем број луѓе, особено жените, купуваат календари со Путин веројатно привлечени од неговиот неконвенционален стил и нескриен мачоизам, но можно е некои од купувачите да го набавуваат календарот само заради шега.
Извор;aktuelno24

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This