КАЛЕТО НЕ СМЕЕ ДА СТАНЕ ГРОБНИЦА НА МАКЕДОНИЈА: Што добивме, а што загубивме со територијалната поделба во 2004 и зошто Борист Трајковски го загуби животот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 4 ноември 2004 година, САД ја признаа Македонија под нејзиното државно име. Одговорот на американскиот претседател Џорџ Буш и државниот секретар на САД Кондолиза Рајс беше “Ја признавме Македонија под нејзиното државно име за да ги спречиме националистите во организацијата на референдумот за територијалната организација на локалната самоуправа!“

Референдумот за територијалната организација на локалната сампуправа се одржа на 7 ноември 2004 година.

Подносител на иницијативата за собирање на потписи за референдум и организатор на кампањата за референдумот беше Светскиот Македонски Конгрес. Светскиот македонски конгрес собра 180.454 потписи за одржување на референдум, повеќе од уставниот цензус најмалку 150.000 потписи. Иницијативата за собирање на потписи траеше шест месеци од 23 февруари до 23 август 2004 година.

СДСМ по американското признавање објавија дека нема потреба од референдум, бидејќи одбраната на државното име Македонија е обезбедена. Владата на СДСМ, на денот на молкот пред референдумското гласање, на 6 ноември 2004 година, спротивно на Закон, организира јавна прослава на плоштадот Македонија во Скопје. Поради американското признавање, Владата на СДСМ донесе одлука сите ресторани и кафани, да работат 24 часа нон-стоп. Пораката беше: Јајте, пијте, спијте, утре нема потреба на референдум да одите, Американците не признаа!

И, со слоганот “Некои прашања не заслужуваат одговор!“ Владата на СДСМ ја сардиса државата со државен терор. Тукуречи половина Македонија беше оставена без струја, улиците пред гласачките места беа раскопани, на секое ќоше шетаа тастери, да шпионираат и заплашуваат секој да го одвратат од намерата да гласа на референдумот… А… изгубивме “половина“ територија од Македонија…

На 7 ноември 2004 година на референдумското прашање: “Дали сте за територијалната организација на локалната самоуправа (општините и Градот Скопје) утврдена со Законот за територијалната поделба на Република Македонија и определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа (“Службен весник на Република Македонија” бр.49/96) и Законот за градот Скопје (“Службен весник на Република Македонија бр.49/96)?“ од вкупно 1.709.536 запишани избирачи, гласаа 454.347 или 26,58% од запишаните избирачи, од кои важечки 449.324 ливчиња или 98,89% и неважечки 5.023 гласачки ливчиња или 1,11%. Од важечките “за“ гласаа 427.112 или 95,06%, а “против“ гласаа 22.212 или 4,94%.

Референдумот беше прогласен за неуспешен…

Службениот став, пак, на Светскиот Македонски Конгрес беше: “Референдумот за територијалната организација на локалната самоуправа е успешен! Резултатите од Државната изборна комисија ги отфрламе и ги сметаме за груб фалсификат на слободно изразената волја на граѓаните!“ Референдумот

Заради референдумот беше ликвидиран претседателот Борис Трајковски, затоа што кажа дека доколку парламентарното мнозинство на СДСМ го усвои новиот Закон за територијалната организација на локалната самоуправа (“Службен весник на Република Македонија” број 55/2004 од 16.08.2004 година), тој нема да го потпише Указот за негово прогласување, како што претходно не го поптиша Законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството со кое по барање на ДУИ, Владата на СДСМ го избриша членот 11 според кој “Сите Македонци по потекло имаат безусловно право и на македонско државјанство.“

На претседателот Борис Трајковски после седница на Советот за национална безбедност му се заканиле “Ако ми ја нарушиш коалицијата со ДУИ, ќе те убијам!“ И го убија… Му падна авионот кај Мостар во Босна…

Новата територијална организација на Република Македонија предизвика етно-демографски импликации во општините.

Во општина Гостивар којашто според старaта поделба имаше 26,54% Македонци, со припојување на општините Вруток, Долна Бањица, Чегране и Србиново, се намали бројот на Македонците на 19,77%.

Во општина Тетово според старата поделба имаше 28,17% Македонци. Со припојување на општините Џепчиште и Шипковица бројот на Македонците се намали на 23,16%, со тенденција да опадне под 20% поради наталитетот и механичкиот прилив на Албанци од Косово.

Во општина Струга имаше 47,94% Македонци и тие беа најбројни во општината. Со припојување на општините Велешта, Делогожди, Лабуништа и Луково, бројот на Македонците во општина Струга опадна на 32,09%, а на Албанците се зголеми од 41,54% на 56,86%.

На руралната Општина Чашка во Велешко (регионот Азот) покрај општините Богомила и Извор и’ се придадоа и селата Горно и Долно Јаболчиште (од Општина Велес) населени исклучиво со Албанци. На тој начин, бројот на Албанците од само 7,47% скокна на 33,06% и со тоа во ова историски важно македонско подрачје во централна Македонија и албанскиот јазик стана службен покрај Македонскиот, со тенденција, поради големиот наталитет во албанските села, а нискиот во македонските, оваа општина за догледно време да стане општина со мнозинство Албанци.

На општина Долнени која се наоѓа во северниот дел на Пелагонија (Прилепското поле) и’ се придодаде општина Житоше, па бројот на Македонците се намали од 41,79% на 36,57%, а бројот на Албанците и Бошњаците се зголеми (од 21,22% на 26,37% на Албанците и од 14,10% на 17,36% на Бошњаците) со што Долнени стана доминантно муслиманска општина.

Со припојувањето на општините Сарај и Кондово на Градот Скопје бројот на Албанците од 15,30% се зголеми на преку 20%, со што во главниот град на Република Македонија албанскиот стана службен покрај Македонскиот јазик. На Скопје му се придадоа уште 229 км квадратни и голем број села кои некои немаат ни канализација ни телефонска мрежа и се оддалечени и повеќе од 20 км од него.

Неприродно на општина Гостивар и’ се придодаде село Бродец, кој ни географски ни сообраќајно не припаѓа на општина Гостивар, туку на Маврови Анови. Од општината Маврово-Ростуша, селото Бродец е припоен кон општина Гостивар, за Гостивар да излезе на границата со Албанија и Косово.

Референдуми против промена на општинските граници во 2004 година се одржаа во 42 општини: Конче, Лабуништа, Лозово, Центар Жупа, Ростуше, Подареш, Зрновце, Оризари, Муртино, Чешиново, Градско, Витолиште, Куклиш, Блатец, Струга, Камењане, Маврови Анови, Конопиште, Добрушево, Зелениково, Старавина, Богомила, Злетово, Тополчани, Бач, Неготино Полошко, Луково, Вранештица, Василево, Другово, Кичево, Самоков, Вруток, Сопотница, Кукуречани, Косел, Чашка, Долна Бањица, Чегране, Миравци, Чаир и Бистрица. За жал, Владата не ги прифати резултатите од гласањата и најголем број од овие општини со Законот од 2004 година ги укина.

Бројот на општините во Републиката од 123 општини и градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа со седум општини (Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Центар, Чаир и Шуто Оризари) според Законот за општините од 1996 година, се намали на 84 и градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа со десет општини (Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари) според Законот од 2004 година.

Единствена придобивка од референдумот 2004 година беше што САД ја признаа Македонија под државното име. За жал, поради државниот терор од Владата на СДСМ, се промени етничката и верската карта на Македонија. Последиците од овој СДСМ-терор врз државата и нацијата се’ уште не се исцрпени.

И покрај се’ и после се’, Калето денес е главен промотор на мерките за промена на името на државата и идентитетот на нацијата, во се’ што презема актуелната влада. Мора да сториме нешто, да го одвратиме Калето од таа намера. Затоа што проблемите на државата и нацијата ни’ се генерираат и мултиплицираат таму! Ако САД се стратешки партнер на Македонија, тоа мора да го потврдат, а не да симулираат дестабилизација и контролирана нестабилност.

Калето не смее да се претвори во гробница на Македонците и на Македонија!

 

Пишува
Тодор Петров
Претседател на СМК

20 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This