April 26, 2024, 11:01 pm

Калиопи на тешки маки: Ја прашаа дали ќе влезе во реално шоу, еве го нејзиниот одговор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пејачката изминатата недела беше во соседна Србија каде што ја промовираше својата нова песна „Пресуда“ чиј автор е нејзиниот поранешен сопруг Ромео Грил но и гостуваше во ТВ емисии за промоција на нејзиниот концерт кој ќе се одржи во „Сава Центар“ на 23 ноември.

Така во интервју за српски Телеграф, Калопи имаше задача да одговара на или- или прашања.

Пејачката успеа некако да се снајде, меѓутоа за некои од нив се мислеше.

На прашањето дали би влегла во реално шоу или собрание, Букле одговори:

„Леле ама се тешки прашањата. Реално шоу, опуштени се. Не, не е така. Собрание. Не знам, собрание“ изјави неодлучно Опи.

Опи на вистински маки беше кога требаше да се одлучи меѓу Тијана Дапчевиќ и Каролина Гочева.

„Не можам да бирам така, тоа се мои деца. И двете“ беше кратка и јасна Калипопи.

Македонската поп пејачка инаку не крие поединости од својот приватен живот. Отворена е по прашањето на своите пропаднати бракови и се шегува на своја сметка.

„Бившите мажи ми се најдобри пријатели“, рекла Калиопи која била мажена за композиторот и текстописец Ромео Грил и глумецот Васил Зафирчев.
Со Грил има син.

„Тој е многу важен за мене бидејќи во своите песни ме прави бесмртна. Ме знае во душа и знае што во кој момент треба да и испеам на публиката“, вели Калиопи.

Таа открила и дека од Ромео извесно време била дистанцирана, но дека кога се обединиле настанале и песните.

Нејзиниот живот никогаш не обилувал со скандали, но таа признава дека е далеку од совршено.

„Ги поштедев луѓето од тоа. Не дека мојот живот е совршен. Тоа е невозможно. Публиката сфатила дека моите таги и радости се во песните“, навела уметничката додавајќи дека „Волчица“ е песна која најдобро ја опишува.

Пејачката истакнува дека е многу среќна кога ќе слушне дека нејзините песни се пеат на музичките натпревари.

„Тоа е голема работа за мене, а јас како жири никогаш не би била строга кон нив. Тие натпреварувачи го продолжуваат мојот век на сцената. Не ми е проблем како тоа го пеат бидејќи секој треба тие песни да ги изведе на свој начин. Веројатно моите песни ги мотивираат да го покажат својот талент“, рекла Калиопи.

Таа себе се опишува како авангардна, модерна и по малку луда.
„Мои адути се емоциите, пеењето и песните. Луѓето на моите концерти доаѓаат да го слушнат тоа“ вели Калиопи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This