КАЛИФОРНИЈА ЌЕ БАРА НЕЗАВИСНОСТ: Ќе се отцепи ли Калифорнија од САД до 2020?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државата Калифорнија во САД ќе избира нов гувернер годинава. Прашањето кој се ќе се кандидира и дали доколку Трамп е реизбран во 2020, Калифорнија ќе посака да се отцепи од САД.

Џери Браун ќе се повлече во Ноември, на неверојатни 80 години.

Арнолд Шварценегер можеби е попознат на светско ниво, но Браун кој за првпат стана гувернер во 1975 година ќе го заврши мандатот како далеку по значајна политичка фигура.

Следниот гувернер има големи шанси повторно да биде од редовите на Демократите. Калифорнија во овие моменти мнозински гласа за Демократите и кој ќе ја добие номинацијата на демократите оваа пролети речиси сто процентно ќе стане 40-тиот гувернер на Калифорнија.

Меѓу Демократските кандидати најинтересен е 28 годишниот Клемент Тинај, Албанец мајстор во боречки вештини и глумец.

Подржувачите на Трамп и Републиканците претежно живеат во северниот дел и во источниот дел на Калифорнија. Во јануари мал регион се обиде да се отцепи од Калифорнија и да создаде нова држава Нова Калифорнија, која тие се надеваа дека ќе стане 51-та држава на САД. Во комуникето до јавноста тие соопштија дека се под тиранија на едно партиски систем, бидејќи Демократите се речиси непоразениј изминатите 50 години во Калифорнија.

По изборот на Трамп за претседател голем број на жители на Калифорнија започнаа да говорат за отцепување од САД, во таканаречениот Калегзит.

Граѓаните кои се далеку по либерални сакаат да се дисоцираат од Трамп и ако тој повторно е избран во 2020 желбата за отцепување може да преовлада. Калифорнија е значајна држава за САД бидејќи претставува шестата најголема економија во светот.

 

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This