Калоѓера до Македонците: Среќен Илинден и чувајте ја Македонија, таа е единственото што го имате!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хрватскиот македонист и поранешен почесен конзул на Македонија во Хрватска, Горан Калоѓера, со (прет)празнично обраќање до Македонците за Илинден.

„Наближува одбележувањето на едно од најголемите востанија на македонскиот народ, познато како Илинденско востание. Неспорно е дека ова револуционерно движење на Македонците против Турското царство е исклучителен историски настан, но тој засенува уште две претходни востанија на Македонците, Разловечкото и Кресненското, кои во заедништво и со Илинденското востание претставуваат историски тек на националното освестување на Македонците со јасно разработена визија за Автономна Македонија, независна од Грците, Турците, Бугарите и Србите. И покрај тоа што Разловечкото востание од страна на бугарската историографија сака да се минимизира и да се сведе на ‘селски бунт’, тоа било добро организирана воена операција, поттикната од бројните убиства, затворања, силувања, грабежи од турските велможи, кое навистина не успеа, меѓутоа со својата херојска борба и со жртвите до некаде го поттикна иницирањето на Цариградската амбасадорска конференција, која предложила една варијанта на дуалистичка држава во која Македонија би била автономна област. Следуваа Руско-турската војна, потоа Одринското примирј и на крајот Санстефанскиот мировен договор и Берлинскиот договор, кои беа поразителни за Македонците и го покажаа односот на светските сили кон македонскиот народ.

Следуваше Кресненското востание, кое докажа дека Македонците не се само војници, туку и воени, политички и геополитички стратези, кои со низа ‘Правила’ ги дефинирале своите желби, односот кон соседите, надворешната и внатрешната политика, односот на различните националности и вери, воените правила, структурата на војската, значи сè она што ја прави една држава и нејзината власт. Во тие ‘правила’ многу интелигентно се дефинирани односите кон соседите, во смисла ‘можете да помогнете, но во нашето не чепкајте, ова е Македонија’. За време на востанието јакне самосвеста на Македонците, се потенцира и се повикува на Александар Македонски како моќен пропагандистички повик за обединување на сите Македонци и Македонки.

Истовремено, односно во скутот на револуционерниот вриеж и борба, делува и македонската интелигенција, како во Македонија, така и надвор од неа. Предилинденскиот период е само продолжеток на тие динамични случувања, кои треба да се гледаат во заеднички контекст, а не изолирано, бидејќи во тој период покрај подготовките за востанието се бележат разни активности, делувањето на ‘Лоза’ и на весникот ‘Македонија’, книжевната дејност на Коста Шахов, Марко Цепенков, Петар Поп Арсов, Трајко Китанчев, Војдан Чернодрински, Ѓорче Петров, формирањето на ВМРО.

Сакам да истакнам дека македонскиот бунт против Турците, а потоа и против соседите, беше секогаш присутен. При тоа, не треба да се заборави дека Македонците учествуваа и ги помагаа востанијата во Грција, Бугарија, Србија. Како им е вратено за тоа, добро е познато. Разловечкото, Кресненското, Илинденското востание, поврзани со антифашистичката борба на Македонците, укажуваат дека Македонците со крв ја создаваа и ја создадоа својата држава. Затоа, среќен ви Илинден и чувајте ја Македонија, бидејќи таа е единственото што го имате!“, објави Калоѓера на Фејсбук.

https://www.facebook.com/goran.kalogjera/posts/3300937516667349

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This